Пластичните хирурзи | Пред операција луѓето мора да се откажат од електронските цигари

736

Американските пластични хирурзи предупредуваат дека пациентите треба да се откажат од користење на е-цигари, најмалку четири недели пред операција. 

Никотинот го редуцира протокот на крвта и така го зголемува ризикот за неуспех при зафатот, предупредуваат лекарите од Моунт Синаи Медикал Центар во Њујорк.

Овие препораки се во согласност со ставот на хирурзите за избегнување на пушење пред каква било  операција, пишува стручното списание Plastic and Reconstructive Surgery.

loading...

Според достапните податоци, престанувањето на пушењето три или четири недели пред некој зафат е поврзано со до 40 отсто помал ризик за постоперативни компликации.

loading...