Платил 4,3 милиони евра за најскапата регистерска табличка

340

Ариф Ахмад Ал Зароуни од Обединетите Арапски Емирата платил дури 4,3 милиони евра за регистерска табличка со ознаката „1“.

Ал Зароуни по секоја цена сакал да дојде до посед на споменатата регистрација, па на аукцијата што се одржала на почетокот на јуни за неа издвоил 18 пати повеќе пари од најмалата понудена сума. Бидејќи успеал да дојде до драгоцената табличка, изјавил дека нема намера да ја продаде, без разлика на висината на понудата што би ја добил.

Не е познато кој модел на автомобил во иднина ќе ја краси табличката со број „1“, но се знае дека претходно била на моделот „Pagani Huayra“, што кога се појавил во 2012 година чинел околу милион евра.

loading...

На истата аукција се понудени и други специјални автомобилски таблички, како што се оние со бројките „12“ и „22“ (двете го промениле сопственикот за сума од околу половина милион евра), како и ознаките „50“, „100“, „333“, „777“, „1000“ , „2016“, „99999“.

Дека во Обединетите Арапски Емирати владее голем интерес за овој вид трговија, покажува податокот дека на лицитацијата учествувале 1.340 купувачи, а прометот изнесувал околу 12 милиони евра.

loading...