Платно коешто ги штити децата од штетното зрачење на уредите

3733
Платно коешто ги штити децата од штетното зрачење на уредите

Научници од руската Армија разработија тн. биополарно платно, кое ќе не штити од прекумерното зрачење на електронските уреди, пишува „Руски дневник”.

– Ние работиме на електромагнетното зрачење уште од 70-те години (од 20. век). При изработката на вселенскиот брод „Сојуз”, „Буран” и други вселенски системи на Спутник, работевме на тоа како да се заштитиме од ова штетно дејство. Тогаш всушност и се роди идејата за оваа ткаенина, раскажува докторот по технички науки, Александар Титомир.

Новиот материјал наречен Скринтекс се заснова на технологија што веќе 50-тина години се користи како штит на воената опрема од туѓите радарни уреди.

Биополарното платно всушност ќе биде замена за екранот, и има за цел – што поширока апсорпција на зрачењето. Тоа веќе се извезува во САД и источна Европа.

Невролози, хирурзи, рефлекс-терапевти исто така пројавуваат интерес кон овој пронајдок.

loading...