Плетена празнична погача

1120

Мека, вкусна и многу декоративна …

Потребно 

  • 1,2 кг брашно
  • 1 коцка (40 гр) свеж квасец
  • 250 гр сварена и испасирана тиква
  • 100 мл масло
  • 1 јајце
  • 1 лажица шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 3 лажичиња сол
  • 150 мл млака вода за квасецот
  • 350 мл млеко

За премачкување

  • 50 мл путер, на собна температура
  • 1 јајце

За посипување

  • сусам, ким, оригано – по желба
loading...

Подготовка

Во еден сад ставете ги квасецот, 150 мл млака вода, 1 лажица брашно и 1 лажиче шеќер и убаво разматете го квасецот. Ставете го садот на топло место и оставете го да стаса.

Во подлабок сад ставете го брашното, солта, шеќерот, јајцете, испасираната тиква. маслото, стасаниот квасец и ванилиниот шеќер. Полека додавајте го млекото и со раце замесете тесто. Тестото треба да биде меко и еластично и да не се лепи на рацете и работната површина. Тестото покријте го со крпа и оставете го да одмори 15-20 минути.

Ставете го тестото на набрашнета работна површина и поделете го на два дела. Едниот дел повторно поделете го на два.

Калап со дијаметар 26-28 см премачкајте го со путер.

Од првиот, поголемиот дел тесто формирајте топка, а потоа со сукало малку истенчете ја, но не повеќе од 23-24 см. Кругот поставете го на средината на калапот.

Горниот дел на погачата формирајте го од двете помали топки тесто. Ос секоја топка формирајте корасо дијаметар од околу 25 см. Првата премачкајте ја со омекнатиот путер и над неа ставете ја втората кора. Со остар нож исечете ја кората на 4 страни (како крст) така што почнете од средината формирајќи на средината правоаголник (види слика).

Сега малку подигнете ги првите две ленти (од средината кон краевите). Втората лента провлечете ја под првата и малку повлечете ја. Третата провлечете ја под втората која ја држите со рака. Сега фатете ја третата и под неја провлечете ја четвртата и така до крајот на кругот. Истата постапка повторете ја со лентите на сите 4 страни (види слика).

Кога ќе завршите со плетењето на втората кора, ставете ја над првата во калапот и со прсти притиснете да се соединат (притискајте само на оние делови каде немате плетенки). погачата покријте ја со крпа и оставете ја да нарасне околу 30 минути.

Погачата премачкајте ја со разматено јајце и посипете со сусам или по желба. Преостанатиот путер нанесете го на површината на погачата.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 10 минути и уште 20 минути на 180 степени.

Топлата погача премачкајте ја со мала коцка путер.

loading...