Пневматик што може да издржи 22 тони | Фото

517

Познатиот производител на гуми за моторни возила „Гудјиар“, претстави „монструозен” пневматик наменет за теренски товарни возила со голема носивост. 

„Гудјиар“ при презентацијата на серијата не теренски гуми ГП-4Д направи интересна споредба на овие пневматици со едно од најголемите и најтешки копнени животни на светот, африканскиот носорог.

Како што забележува производителот, меѓу ГП-4Д пневматиците и црниот носорог од африканските савани, може да се најдат неколку сличности. Имено, гумата е висока 1,8 метри, колку што во делот на рамената е висок и возрасен црн носорог.

Освен тоа, кога е напумпана на пропишаните 6,5 бари, екстремната гума може да носи товар тежок дури 22,4 тони, што е еднакво на тежината на 28 возрасни црни носорози.

%d0%b3%d0%bf-4%d0%b4-%d0%bf%d0%bd%d0%b5%d0%b2%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b8%d1%86%d0%b8

Инаку, серијата на пневматици на „Гудјиар“ ГП-4Д опфаќа шест радијални гуми за сите видови на подлоги, било да се работи за земја, кал или каменест терен.