Пневматици без воздух стигнуваат за две години | Фото/Видео

1902

За две години на пазарот ќе се појават пневматици кои немаат воздух во себе и кои нема да можат да се дупнат. Компаниите како што се „Мишелин” и „Бриџстоун” веќе со години работат на гуми од кои, наместо воздух, самата конструкција служи за амортизација при допир со патната подлога. 

Прв велосипед со „вечни” гуми најави „Бриџстоун” до крајот на 2019 година. Во меѓувреме се работи на тоа новите гуми да се применуваат на веќе постоечките превозни средства, како што се трактор, градежни машини, па дури и автомобили. Најголем број експерименти со тие гуми се прават во Јапонија и САД.

– Проблемот е само во галамата; за сега решивме се кога се во прашање помалите и побавните возила. Ни треба уште технолошки развој, но кај теренските автомобили ваквите решенија се веднаш применливи, објасни Аронд Фос од „Бриџстоун”.

loading...

Силата на притисокот на возилата на површината се пренесува на свитливи полиуретански краци, па гумата може да се прилагоди на нерамнини и испакнатини на патот, поради што посебно е поволна за теренско возење.

„Овие гуми се вечни. Не можат да се дупнат. Кога ќе се намонтираат нема симнување додека шарата не се излиже, а и потоа можат полесно да се рециклираат од сегашните. Поволни се за електричните возила” – вели Тери Кидс од „Мишелин”.

Цените на новите гуми, велат експертите, ќе бидат повисоки од сегашните, но кога ќе се земе предвид дека нема трошоци за одржување, секако ќе бидат исплатливи.

loading...