Повредите во сообраќајот се најчеста причина за смрт кај тинејџерите

229

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека повредите добиени во сообраќајните несреќи се најчеста причина за смрт кај тинејџерите во светот, пренесува Фена. 

Во светот во 2015 година починале над 1,2 милиони адолесценти, а сообраќајните несреќи биле поврзани со околу 10 отсто од овие смртни случаи.

Ризикот бил најголем за деца и момчиња на возраст од 10 до 19 години.

loading...

Други најчести причини за смрт во оваа возраст биле инфекции на долниот дел на дишниот систем, самоубиства, дијареја и давење.

Две третини од смртните случаи кај тинејџерите се бележат во средно и слабо развиените земји на Африка и југоисточниот дел на Азија.

loading...