Поврзаноста на мобилните телефони и мозочниот тумор

357

Не постои поврзаност меѓу мобилните телефони и ракот на мозок, покажа 29-годишната студија. 

Научниците не открија никакво зголемување на бројот на заболени од тумор на мозок во последните 29 години, без оглед на драстично зголемената застапеност на мобилните телефони во секојдневието на просечниот човек.

Во Австралија, каде студијата е спроведена, девет отсто од луѓето имале мобилни телефони во 1993 година, а денес мобилни телефони поседува 90 проценти од населението на земјата.

loading...

Сепак, бројот на заболени од рак на мозокот со старосна граница меѓу 20 и 84 години, незначително е зголемен кај мажите, а стабилен кај жените.

Професорот Сајмон Чапман од Универзитетот во Сиднеј кој го водел истражувањет, вели дека телефоните емитуваат најмало зрачење за кое се смета дека не ја оштeтува ДНК и дека ова откритие уште повеќе го уверува дека мобилните телефони не предизвикуваат тумор на мозок.

loading...