Поврзаност на воспалителните процеси и депресијата

1163

Истражување на канадски научници укажува на поврзаноста на воспалителните процеси во мозокот и депресијата.

Наодите се темелат на анализата на снимките на мозок на 20 пациенти со дијагноза на депресија и 20 здрави испитаници од контроланата група.

Се покажало дека пациентите со клиничка депресија имаат 30 отсто поголем ризик за присутност на воспалителните процеси во мозокот.

Воспалителните процеси во мозокот биле поврзани и со поголем ризик за потешки симптоми на депресија.

Истражувачите веруваат дека нивните наоди го објаснуваат веќе познатото зголемување на ризикот од депресија кај лица со хронични воспалителни болести.

loading...