Погледнете го првиот бакнеж меѓу две жени од 1872 година | Видео

1072
Booking.com INT

Видеото “Првиот бакнеж” во кој уметницата Татја Пилиева бара 20 попатни странци да се бакнуваат пред камера, предизвика многу контроверзии на интернет. Меѓутоа, во 1872 година еден фотограф од Англија направил чекор пред своето време и за првпат снимил бакнеж меѓу две жени.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Верувале или не, поради општествените норми од тоа време, бакнежот не е можел да се случи помеѓу маж и жена, а Eadweard Muybridge сакал неговите модели да бидат голи.

“Иако Викторијанците имале исклучително мали сексуални слободи, според современите стандарди, а хомосексуалноста ја сметале за сериозна закана за општеството, верувале дека жените имаат мал или никаков сексуален набој”, пишува во онлајн архивата на Muybridge Online.

“Бакнежот”, како и повеќето други фотографии и снимката од спомената архива, изработени се помеѓу 1872 и 1885, односно многу порано пред пронаоѓањето на филмската камера, со помош на неколку фотоапарати.

Во седумдесеттите години на 19 век деталите за движењето на предметите биле потполно непознати. Баш поради тоа овој фотограф од Кингстон сметал дека моделите треба да бидат голи, за да гледачите можат јасно да видат како се движат телата во серија фотографии.

Дури и биографијата на Maybridge е невообичаена како и неговите дела. Во дваесетата година од животот, 1850, бил незадоволен од својот живот во еден мал град во Англија, одлучил да се пресели во САД.

Најдобрите дела ги направил во 1872 година, кога Leland Stanford, подоцна основач на Универзитетот во Стенфорд, го ангажира да фотографира коњи.

Меѓутоа, неговиот свет се срушил кога дознал дека неговата млада сопруга имала љубовник. Дури и го убил тој човек, откако дознал дека токму тоа љубовник е татко на нивниот седумгодишен син.

Иако Mayridge не го негираше убиството, доби ослободителната пресуда. Остатокот од неговата кариера го поминал во усовршување на техники и предавања. На крај се вратил во Англија каде што починал во 1904 година.

https://youtu.be/GLzRLW9R54g

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...