ПОЖАР ВО ПОРТУГАЛИЈА | Хорор сцена. Луѓето врескале додека живи гореле во своите автомобили (ВИДЕО)

941

Прогласена е тридневна жалост.

Најмалку 62 лица загинаа, а десетици се повредени, меѓу кои и шест пожарникари во голем шумски пожар што избувна во централниот дел на Португалија, во Pedrógão Grande, соопшти денеска португалската влада.

Голем број на луѓе изгореа во нивните автомобили, пренесува АФП. Земјата прогласи тридневна национална жалост.

loading...

– Јас бев таму, ја гледав мојата куќа … Не знам што сега ќе биде со неа – зборува очаен селанец, пренесува Би Би Си.

Во прашање е еден од најголемите пожари кој се слушил во таа земја во последниве децении.

Највеќе луѓе загинаа во своите автомобили додека се обидувале да избегаат од областа Pedrógão Grande, околу 50 километри од Коимбра.

Според зборовите на португалскиот премиер Антонио Кошта, ова е најголемата трагедија што ја погоди Португалија во последните неколку години.

Тој рече дека бројот на жртвите може да биде поголем и дека приоритет е да ги заштити оние кои се уште се во опасност.

Кошта рече дека помош очекува од шпанските спасувачки тимови и се заблагодари на неколкуте илјади пожарникари, кои помогнаа во надминувањето на пожарот.

– Најдлабоко сочувство до жртвите … и збор на охрабрување и сила на сите оние кои помогаат во борбата против ова зло – објави Кошта на својот Твитер профил.

loading...