Позицијата на планетите создала светлина над Витлеем!

2710

Професорот од универзитетот Нотр Дам дојде до детална констелација на небесните тела, кои ја создале светлината на Витлеемската ѕвезда.

Со векови има обиди да се реши библиската мистерија, која ѕвездата ги следела мудреците на патот кон новороденчето Исус. Адвентско е време, вистинско време за уште една научна студија на оваа тема. Ја направи Grant Mathews, американски професор од Универзитетот Нотр Дам.

И него, како и многумина пред него, го заинтригира прашањето: Која од милијардите ѕвезди во вселената би била онаа која на тој ден блескала толку силно со што ги привлече мудреците? Тој се надеваше дека феноменот ќе може да го објасни со помош на модерната астрофизика.

Точната позиција на небеските тела

Со проучување на историските, астрономските и библиските записи, заклучил дека тоа не е една ѕвезда, туку исклучително ретко планетарно соѕвездие кое се случило 6. години пред Криста, какво можеби никогаш нема да се види на небото. Mathews тврди дека во таа констелација Сонцето, Јупитер, Месечината и Сатурн биле во Овен, Венера во Риби, а Меркур и Марс во Бик. Во исто време, Овнот бил локацијата на пролетната рамноденица. Американскиот професор во објавата посочува дека, според верувањето, присуството на Јупитер и Месечинатаго означувало раѓањето на владетелот со посебна судбина. Сатурн бил симбол на давање на животот како што тоа било и присуството на Овнот во пролетната рамноденица. Тоа што констелацијата се случила во Овнот, вели Mathews, го одбележа раѓањето на новиот владетел на Јудеја.

Дали станува збор за логички заклучоци

– Мудреците можеле да ја видат светлината на исток и да ја препознаат симболиката на кралското раѓање во Јудеја, а тоа и ги насочило да тргнат во потрага по него – вели професорот од Нотр Дам. Пресметал дека ќе потрае уште 16.000 години пред да се појави на небото уште еднаш таква констелација, но дури и тогаш пролетната рамноденица нема да биде во Овен. Сосема иста констелација Mathews, со пресметки, не можел да открие ниту на временска дистанца од 500.000 години.

За најновата научна работа, што ја објаснува појавата на ѕвездата од Витлеем коментираат од опсерваторијата во Загреб.

– Тоа е комбинација на Јупитер и Сатурн 6 години пред Криста, која пред тоа се сметала како најдобро објаснување за појавата на т.н. Витлеемска ѕвезда. Бидејќи, телескопот бил измислен дури во 1608 година, тогашните астрономи, со денешните стандарди биле астролози, и само со голо око можеле да го гледаат небото и да ги бележат позициите на петте тогаш познати планети, Сонцето и Месечината. Коњукцијата е всушност привидна средба на небескиот свод на двете небесни тела, во овој случај, Јупитер и Сатурн. Со оглед на тоа дека тогаш астролошкиот поглед и толкувањата биле доминантни, на секоја планета и соѕвездие на небесната сфера им е дадена некаква карактеристика, а потоа се “толкувале” таквите коњукции, преку тие однапред дадени карактеристики на планетите и соѕвездијата во кои се случила нивната средба.

Во написот се опишани и позициите на Месечината, Венера, Меркур и Марс. Бидејќи станува збор за позициите на многу објекти, кои се движат со различна брзина низ небескиот свод, логично е дека токму таквата позиција нема да се повтори во следните 16.000 години. Ние, исто така, можеме да го кажеме истото за вечерашната позиција на Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн и Месечината, дека нема да се случи повторно во следните 16.000 години. Значи од научна гледна точка, тоа била обична коњукција, иако временски релативно ретко видлива, а само преку астролошките толкувања на ненаучно значење, таа коњукција станала “различна” – кажа Иван Ромштајн, научен соработник на Опсерваторијата Загреб.

Професорот Mathews за своите наоди ќе објави и книга, а наскоро ќе одржи и предавање со точна визуелизација на небото таа 6та година пред Криста.