Познати сите финалисти на Евровизија

533
Booking.com INT

Претставниците на Србија, Летонија, Грузија, Бугарија, Украина, Полска, Израел, Литванија, Белгија и Австралија синоќа изборија пласман во финалето на 61-то натпреварување за „Песна на Евровизија“ кое ќе се одржи во сабота на 14 мај во „Голуб арената“ во Стокхолм.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Швајцарија, Белорусија, Ирска, Македонија, Словенија, Данска, Норвешка и Албанија останаа надвор од пласманот како конкуренција во второто полуфинале.

Десет пласираните натпреварувачи од синоќешното, второ полуфинале, во финалето ќе се придружат на Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта, како и директните финалисти – Германија, Шпанија, Велика Брианија, Италија и Франција и земјата домаќин Шведска.

Домаќините и водителите на програмата беше минатогодинешниот победник на Евровизија, Манс Зелмерлов и комичарката Петра Меде.

Начинот на гласање од оваа година е изменет во однос на досегашниот систем.

Стручното жири и гледачите од секоја земја доделуваат збир поени од 1 до 8, односно 10 и 12.

Откако гледачите гласаат по пат на своите телефони, испраќање СМС или користејќи ја официјалната апликација, презентерите од 42 земји учеснички се вклучуваат во програмата како и до сега и ги соопштуваат поените на професионалното петочлено жири.

По сооопштението на резултатите од жирито, гласовите од публиката ќе бидат искомбинирани и секоја песна ќе добие одреден број на бодови.

Сите гласови и од публиката и од стручното жири ќе бидат достапни на сајтот на Evrovizion.tv.

Светската ѕвезда Џастин Тимберлејк ќе настапи исто така во сабота на Евровизија, промовирајќи ја неговата нова песна.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...