Познат германски научник ја потресе јавноста | Ова е доказ дека Бог постои!

702
Booking.com INT

Научниците ѝ сами докажале дека услов за појава на живот на Земјата е исполнување на серија предуслови кои универзумот морал да ги наштима. Зарем не е логично дека постои некој кој тие предуслови ги наштимал, се прашувала Барбара.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Добро позната професорка по теоретска физика на Универзитетот во Дармштат во Германија, Барбара Дросел, верува дека Бог го создал универзумот.

Barbara Drosel-001“Имав 13 години кога решив да станам научник. Тогаш се обидов да ја читам теоријата на релативитетот на Ајнштајн. Уживав во читањето на научната фантастика, а мојата наставничка по математика и физика ми беше идол. Мислам дека науката е нешто фантастично и дека разбирањето на природата е многу благодарно”, рече Дросел.

Таа вели дека постојат закони на природата од настанувањето на универзумот, а за законите на физиката, тврди дека не соодветствуваат во целост со законите на природата.

“Законите на физиката се идеализација, претпоставката која работи добро, но ограничена е во однос на валидноста. На пример, законите на Њутн имаат ограничувања во квантниот свет, иако во секојдневните услови работат доста добро. Значи, како што законите на природата, во некоја смисла се претпоставки, не треба да се заснова мислењето за светот врз основа на нив. Ние, исто така, мора да направиме разлика помеѓу научните откритија и филозофските теории. На пример, многу луѓе велат дека непостоењето на Бог е научен заклучок. Сепак, тоа е само филозофска интерпретација”, рече Дросел.

Дросел тврди дека иако научниците веруваат дека универзумот е формиран со Големиот прасок пред 13 милијарди години, таа верува дека вселената заедно со законите на природата е создадена од Бога.

“Научниците и самите докажале дека услов за појава на живот на Земјата е исполнување серија предуслови кои универзумот морал да ги намести. Зарем не е логично дека постои некој кој тие предуслови ги наместил?”, се прашува Барбара.

Се разбира, таа тврди дека самото местење не е доказ дека Бог постои, бидејќи тоа не е на науката тоа да го заклучи, туку тоа е многу убедлива филозофска интерпретација на уредување.

Дросел исто така, тврди дека не верува во можноста на постоење повеќе универзуми, иако тоа не ја исклучува таа можност. Таа смета дека постоењето на повеќе универзуми е само алтернатива на верувањето во Бога, бидејќи ако не постои Бог, тогаш законите на природата се највисоката сила во универзумот.

Меѓутоа, на прашањето дали таа може да докаже дека Бог постои, Дросел вели дека Бог не е предмет на научни истражувања, ниту математички докази, па по логички пат такво нешто не може да се докаже.

universum

Дросел вели дека постојат три филозофски прашања со кои се дава добра причина за постоењето на Бог:

1) Зошто постојат закони на природата? Бидејќи постојат некои закони по кои што работите се случуваат, сосема е логично дека некој ги создал тие закони.

2) Зошто нашите умови не можат да ги разберат овие закони? Очигледно е дека Бог сакал да ги разбереме.

3) Зошто е можен животот во вселената? Познато е дека некои вредности мора да бидат внимателно подесени да го формираат животот во универзумот. Објаснувањето од математички аспект е дека има повеќе универзуми со различни вредности, но и теистичкото објаснување е многу пологично.

Дросел даде коментар и на “теоријата на сè” на Хокинг, која ги обединува четирите фундаментални сили на природата. Таа рече дека таква теорија е премногу “редукционистичка” и дека електромагнетизмот и гравитацијата не може да бидат основни сили на природата, бидејќи тие не би постоеле без законите на универзумот.

Таа додаде дека и теоријата на еволуцијата немора да биде контрадикторна со постоењето на Бог.

“Факт е дека животот има заедничко потекло и дека еволуирал со текот на времето. Теоријата на еволуцијата е само механизам за менување на видовите низ времето. Прифаќањето на таа теорија не мора да значи дека Бог не постои”, заклучи научникот.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...