Полицајка го надои бебето на затвореничка

4750

Кинеска полицајка стана хит на интернет, откако во „Интермидиет пиплс корт“,вториот најголем затвор во земјата, го надои бебето на осомничена затвореничка.

Хао Лина, која и самата е мајка, вели дека бебето и било оставено нејзе и на колегите пред осомничената да ја однесат на судење.

– Бебето не престануваше да плаче, сите се загриживме. Неодамна и јас станав мајка, па можам да претпоставам како се чувствувала таа жена. Во моментот мислев само на тоа да дадам се од себе и да го заштитам малото бебе, изјави полицајката.

Откако добила дозвола од мајката на детето, Хао нашла мирно катче во зградата и го нахранила новороденчето. Снимки од тоа беа објавени на интернет, па така оваа чуварка на редот стана уште поголема хероина во очите на Кинезите.

mia.mk

loading...