Полнета тиква со грав и суво месо

2258
Booking.com INT

Интересна комбинација и начин на подготовка …

Bitcoin Exchange CEX.IO

Потребно 

  • 1 тиква
  • 200 гр бел грав со поголеми зрна
  • 200 гр кромид
  • 200 гр исецкано суво месо
  • сол, бибер
  • 2 лажичиња мелена црвена пиперка
  • мелен сув зачин
  • 2 суви пиперки
  • 2 суви домати, ситно сецкани

Подготовка
– Гравот измијте го и ставете го да се вари. Кога ќе почне да врие оставете го 10 минути да врие и фрлете ја првата вода. Гравот измијте го со ладна вода. Повторно ставете го да се вари во вода уште околу 45 минути.

– Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на масло во тава. Тргнете ја тавата на страна и во кромидот додадете 2 лажичиња мелена црвена пиперка и сецканите суви домати.

– Тиквата издлабете ја и ставете го исцедениот сварен грав во неа, но не целата количина. над гравот ставете го испржениот кромид, додадете ги сувите пиперки кои претходно сте ги наполниле со грав и на крај и сувото месо исецкано на помали парчиња. Посипете со бибер и мелен сув зачин по вкус. Одозгора повторно ставете од гравот и сипете и ладна вода.

– Поклопете ја тиквата со горниот дел што претходно внимателно го отсековте.

– Одозгора тиквата покријте ја со алуминиумска фолија и ставете ја да се  пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 2 часа. Од време на време отворете ја рерната и ако има потреба додадете уште малку вода во тиквата.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...