Полнети лигњи

755
Booking.com INT

Потребно
8 средно големи лигњи
2 главици кромид, ситно сецкани
2 домати
100 гр средина од леб
100 мл млеко или супа
6 чешниња лук, ситно сецкани
1 јајца
1 китка магдонос
малку капари
2 ловорови листови
1 гранче мајчина душичка
100 мл бело вино
4 лажици маслиново масло
сол, бибер

Bitcoin Exchange CEX.IO

stuffed squid22-001

Подготовка
– Средината од лебот покиснете ја во млекото или супата.

– Исчистете ги лигњите. Исечете им ги краците и исецкајте ги ситно. Измешајте ги со сецканиот кромид и пропржете 5 минути на маслиново масло да добијат боја.

– Доматите кратко потопете ги во врела вода за да можете полесно да ги излупите. Исецкајте ги на коцкички. Додадете ги кај кромидот. Ставете сол и бибер и динстајте уште 10-тина минути. Тргнете ја тавата од рингла и оставете да се излади.

– Исцедете го лебот со рака и додадете го во горната смеса. Додадете уште 1 јаjце, мајчина душичка и половина од сецканиот лук.

– Со оваа смеса наполнете ги лигњите и затворете ги со чепкали за заби.

– Вака подготвените лигњи наредете ги во подмачкана со масло огноотпорна тава. Посипете ги со преостанатиот лук и додадете ги листовите ловор.

– Полијте ги лигњите со виното и 1/2 дцл врела вода.

– Покријте го огноотпорниот сад со алуминиумскла фолија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени 15-тина минути. Потоа извадете ја фолијата, превртете ги лигњите и печете уште 15 минути.

– Пред служење посипете ги со сецкан магдонос и капари. Одозгора полејте ги со малку маслиново масло.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...