Полнети тиквички

1291
Booking.com INT

И вие би можеле да станете зависник од тиквички во комбинација со мелено месо. Релативно е лесно да се подготват. Поточно, тиквичките се добар извор на калиум, бакар, магнезиум, фосфор, селен, хранливи влакна, фолати и рибофлавин.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Измијте ги тиквичките и исечете ги на половина по должина. Посолете ги лесно.

Средината од тиквичката исечкајте ја на ситни коцкички заедно со доматот. Меленото говедско месо со кускус, јајца, домати, тиквички и се заедно замешајте. Додадете 1 лажичка сол, бибер и босилек.

Со промешаната смеса наполнете ги половина од тиквичките.

Тиквичките ставете ги во плитка тава за пешење, додадете сок од домати. Посипете со сирење. Во рерна (средно ниво, температура 160 °) да се пече 40 минути.

Состојки

2 тиквички (секоја околу 200 g)
малку сол
50 g суви домати
150 g мелено говедско месо
150 g кускус
1 јајце
Бибер
2 лажици сув босилек
1/2 литри сок од домати
75 g фета сирење

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...