Популарната „Слепа готвачка“ учествуваше на хуманитарен настан

434

Една од моментно најпознатите американски готвачки, Кристин Ха учествуваше на хуманитарен настан во својот град Хјустон, каде се собираа финансии и се промовираше кампањата „Да нема гладно дете во Америка“.

Кристин е американска готвачка со виетнамско потекло, најпозната по тоа што е првата полуслепа учесничка и победничка на „Мајстор готвач“ – најпознатото натпреварувачко ТВ шоу за готвачи во САД.

Таа сега има и свој блог насловен „Слепата готвачка“ (The Blind Cook), каде поставува свои рецепти, видеа, новости…

loading...

Покрај тоа што постојано покажува дека сетилната и која било друга попреченост, не е пречка за луѓето да ги остварат своите соништа, Виетнамката сега се докажа и како голема хуманистка.

loading...