Поради законот од 1868 година Германците одбиле да го испорачаат клучниот дел за новиот американски ракетен фрлач | Фото/Видео

4505
Booking.com INT

Германскиот производител на оружје Heckler & Koch одбиле да ја испорачаат клучната компонента за новиот рачен ракетен фрлач на американската војска XM25.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Масовното производство на новиот американски рачен ракетен фрлач XM25 беше запрено, поради тоа што германската компанија Heckler&Koch одбила да го достави клучниот дел, стравувајќи дека оружјето ќе биде фрлано директно врз луѓето, при што се крши меѓународниот договор од 19-тиот век, известува ДПА.

Heckler&Koch се реферираат на меѓународниот закон од 1868 година, односно на Конвенцијата од Ст. Петербург, која што вели дека не е дозволено гранатите да се фрлаат директно на луѓе. Според документот, гранатата може да биде фрлена на зграда или во близина на некои луѓе, но не директно врз нив.

Всушност, паметниот рачен ракетен фрлач XM25 е наменет за уништивање на непријателот зад засолниште. Може да се монтира на стандардна војничка автоматска пушка, со што на војниците им се зголемува ефикасноста со можност за исфрлање на мали гранати. XM25 има паметен ласерски покажувач, кој во себе има компјутерски програмирана муниција, и кога војникот ќе впери XM25 во насока на непријателот на ласерскиот покажувач му остава да процени кога гранатата ќе експлодира. Исто така, има систем за утврдување на цел и контрола на оган, кој може на растојание од 500 метри да ја подобри веројатноста за погодок за 300 до 500 проценти.

Caliber: 25mm
Type: semiautomatic, magazine fed
Overall length: n/a
Weight: less than 5.45 kg (12 lbs) unloaded
Effective range: up to 500 m against point targets, up to 700 m againstarea targets
Magazine capacity: 6 rounds

Германската компанија H&K веќе добила 33 милиони евра за услуга која не ја “испорачала”, соопштила американската компанија Orbital ATK, која веќе 12 години работи на развојот на ова оружје. Германците доставиле механизам за лансирање за првите тест-модели, но после тоа не испорачале ништо.

12 години посветени на развојот на XM25 може да резултира – со ништо, велат од Orbital ATK, па во почетокот на февруари поднеле тужба во која бараат 23 милиони евра отштета.

За сега, H&K од ATK бараат изјава во која ќе гарантираат дека ќе ја почитуваат Конвенцијата од Ст. Петербург. Од друга страна, САД не биле потписник на Конвенцијата и сметаат дека тие не се законски обврзани да ги почитуваат таму наведените правила.

“Тие правила се широко прифатени и САД не е исклучок”, рече шефот на H&KNorbert Scheuch. “Нам нѝ е потребна правна сигурност за испораката, а сега ја немаме. Не дека ние не сакаме да ги испорачаме нарачаните делови, ние не можеме да ги испорачаме.”

Од компанијата ATK Orbital одговориле дека “H&K” бара изговори за својот неуспех.”

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...