Последици од нарушено внимание и помнење

1089

Ако ги има вашето дете, знајте дека можат да бидат извор на проблеми, но, исто така, и на страдања …

Можеме добро да чуеме, но многу лошо да слушнеме. Лошото слушање е почесто правило отколку исклучок за повеќето од нас. Повторното воспоставување на желбата за слушање, исто така, ја подобрува самодовербата, го подобрува вниманието и меморијата.

Сигурно безброј пати сте кажале: “Не ме слушаш…”, “Колку пати морам да повторам?” или “Фокусирај се на она што правиш!”

(Можеме да чуеме добро но, да слушаме многу лошо. Лошото слушање почесто е правило отколку исклучок за повеќето од нас. Слушањето е активен процес кој, покрај свесен напор, бара внимание и концентрација.)

Неправилната обработка на звуците може да предизвика многу нарушувања на вниманието и помнењето.

Не е исклучено

Нарушувањата на вниманието влијаат на децата и на возрасните кои не можат доволно да се концентрираат на работата за подолг временски период, дури и ако таа работа бара само минимални интелектуални напори или има рутински карактер.

Специфичен модалитет на вниманието е неговата способност да го распредели вниманието на неколку извори на информации или задачи кои треба да се направат.

Недостатокот на вниманието е извор на тешкотии, па дури и извор на страдање за едно дете во училиште.

(Метод Tomatis® ја користи музиката на Моцарт, за да ги извлече децата со аутистичен спектар нарушувања од нивниот кожурец, да им помогне на музичарите да ги подобрат своите вокални способности, да ги поддржи лицата со тешкотии во читањето, па дури и да ги охрабри на поефикасно и побрзо учење на странски јазици.)

Д-р Alfred Tomatis, основач на Tomatis® методот, често зборувал за моќта на музиката на Моцарт, и ја опишал како скалила кои повторно нѐ поврзуваат со светлината во нашето срце. Моцартовата музика, рекол тој, е мостот, поврзаност со нешто надвор од нашето мало себе.

Методот Tomatis® не смее да се замени со музичка терапија или за т.н. Моцарт ефект кој е опишан и популаризиран во книгата на американската авторка Dona Campbell под истоимениот наслов.

Методот Tomatis® е еден вид аудитивна невросензорна стимулација која го стимулира и активира аудитивниот систем. Со поттикнување на слушниот систем, постигнуваме “Tomatis efekt®” кој може да го реактивира целосниот потенцијал за слушање на лицето.

Д-р Томатис забележал три закони во “Tomatis® ефектот”, а тоа се:

1. Гласот содржи само она што увото може да го слушне.
2. Ако слушањето се менува, и гласот веднаш и несвесно се менува.
3. Фонацијата може трајно да се трансформира кога аудитивната стимулација се одржува во одредено време (закон на траење).

Како функционира

Понекогаш родителите прашуваат дали би било доволно да го слушаат само Моцарт дома, за да им помогнат на децата да постигнат подобри резултати во училиштето. Треба да се напомене дека Tomatis® методата терапевтски делува преку неколку технолошки иновации, од кои едната го вклучува електронското уво, преку кое два аудио канали репродуцираат иста музика, но, се менуваат во фреквенцијата (помеѓу високи и ниски). Тоа предизвикува контракција на аудитивните мускули во средното уво, како и фокусирање на мозокот врз аудио пораката.

Преку увото мозокот учи да слуша

Бидејќи ние слушаме на два начина – преку воздухот (звук кој влегува преку увото и тимпанската мембрана) и коските (вибрации преку коска), Tomatis® методот ги интегрира двете спроводливости на звук и по воздухот и преку коските.

Преку специјалните слушалки кои ги користиме во Tomatis® методот, електронското уво вклучува задоцнување помеѓу звукот кој се пренесува преку воздух, и звукот кој се пренесува преку коската. Вибрациите од слушалките, исто така, ги стимулираат кранијалните нерви во главата, вратот и лицето. Увото е поврзано со 7 од 12 кранијални нерви и преку аудитивната патека увото влијае на целиот нервен систем.

(Со помош на фондовите на ЕУ и на проектот “Внимание. Патот до успехот”, кој траел од 2010 до 2013 година Tomatis® методата е воведена во редовната настава во 87 училишта во Полска.)

Пример од пракса

Матија е 10-годишно момче на кој му е дијагностицирано нарушено внимание.

Освен што е дете кое било многу немирно (често се шетал по училницата за време на наставата), Матија многу тешко помнел она што го читал во моментот. По користење на Tomatis® методата, која на самиот почеток не му се допаднала, Матијас значително се смирил, сега чита со многу помалку напор, но и отпор кој се јавувал многу често како реакција на неуспехот. Неговите оценки сега се многу подобри, како и неговото разбирање за она што учи, и самодовербата, исто така, се зголемила.

loading...