Последните пораки на загинатите | “Ние нема да успееме да излеземе, те сакам”

2039
Booking.com INT

Во пожарот на зградата загинале 12 лица, а уште 74 се сериозно повредени. Командирот на лондонската полиција изјави дека очекува бројот на жртвите да се зголеми …

Bitcoin Exchange CEX.IO

Тажните последни повици, пораките и објавите од Snapchat биле објавени откако ги испратиле преплашените жители кои биле заробени во внатрешноста на зградата Grenfell Tower која горела. Во пожарот на зградата загинале 12 луѓе, а уште 74 се здобиле со сериозни повреди.

Тинејџерка која живее во зграда во западниот дел на Лондон ја повикала на телефон најдобрата пријателка и ѝ рекла: “Ние нема да успееме, те сакам.”

Девојката, нејзините две помлади сестри, мајката, таткото и бабата подоцна не се пронајдени.

– Мојот сосед ми кажа дека една од девојките ја навикала неговата ќерка околу 12:30 часот и ѝ рекла дека нема да успее да излезе и дека ја сака. Мислам дека има 13 години. Никој потоа не можеше да ги контактира. Страшно. Таму се три ќерки, една има околу две години, втората е во основно училиште, а третата е во средно, рече жителка на зградата, 42-годишната Hulya за Daily Mail.

Уште една од тажните сцени била наполовина изгорена страна со детски ракопис. Беше пронајдена меѓу урнатините покрај зградата.

– Не можам да ги опишам моите чувства. Многу, многу сум среќен. Имам многу идеи и планови. Имам многу соништа кои сакам да ги постигнам, било напишано на листот хартија. Соништата и желбите се сега можеби изгубени засекогаш.

Во меѓувреме, мајка на две деца, 32-годишната Ranya Ibrahim не е видена откако на Snapchat ѝ испратила порака на својата пријателка два часа откако пожаротот почнал.

Мојата пријателка Ranya Ibrahim живее на најгорниот кат со своите две деца, кои имаат само три и пет години. Добив Snapchat видео од Ranya околу три часот наутро, неколку часа пред пожарот. Од тогаш не сум се слушнала со неа, раскажува Maseen, пријателката на Ranya.

Maseen додаде дека во видеопораката ја видела Ranya заробена и почнала да се моли.

Francis Dean раскажа дека за време на пожарот се слушнал со својата сестра Zainab на која пожарникарите ѝ рекле да остане во својот стан на 14 кат, заедно со својот двегодишен син Jeremiah.

– Сестра ми ми се јави да ми каже дека има пожар во зградата. Ѝ реков да ја напушти зградата, но, таа ми рече дека пожарникарите ѝ кажале да остане во станот. Беше рано наутро и од тогаш не сум се слушнал со неа. Се плашам од најлошото, рече Dean.

Dean додаде дека пожарникарите го користеле неговиот мобилен телефон да разговараат со неговата сестра.

– Тој ѝ кажа да остане смирена и дека доаѓаат по неа. Тоа постојано ѝ го повторувал. Ми го врати мобилниот телефон и ми кажа да ѝ кажам дека ја сакам. Тогаш знаев дека дојде најлошото. Врската се прекина и повеќе не можев да зборувам со неа, додаде Dean.

Уште еден од нив за кој се стравува дека загинал е Saber Neda. Тој живеел во станот на последниот кат на зградата. Неговата сопруга Shakila (45) и синот Farhad (24) успеале да избегаат. Неговото семејство тврди дека тој останал во станот, бидејќи бил повреден.

Последен пат го слушнале Saber било околу 02:20 наутро кога му се јавил на роднината да му каже дека зградата е во пожар, и дека нема помош.

И други станари на Grenfell Tower испраќале пораки до своите пријатели. Еден од нив испратил порака дека зградата е во оган и дека не може да излезе.

Во пожарот загинале 12 луѓе, а уште 74 се сериозно повредени. Командантот на лондонската полиција изјавил дека очекува бројот на жртвите да се зголеми уште повеќе. Зад пожарот остануваат само трауматски слики и спомени.

Samira Lamrani вели дека видела една жена која се обидувала да го спаси своето бебе, така што го фрлила од десеттиот кат на зградата за да некој долу го фати.

Станарите кои успеале да избегаат велат дека алармот не се вклучил, но за среќа, нив соседите ги разбудиле. Тие тврдат дека официјалното упатство било да останат во становите.

Michael Paramsivan, кој живее на седмиот кат со неговата девојка и ќерка, вели дека лесно можеле да загинат.

– Ако ги послушавме и останавме во станот, би загинале. На 12-тиот кат видов три деца како мавтаат од прозорецот. Лесно можеше да се видат нивните силуети. А потоа, одеднаш само ги голтна огнот, вели Paramsivan.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...