Постои ли идеална разлика во годините меѓу партнерите?

2516

Разликата во годините меѓу партнерите често негативно се коментира. Иако во прашање се приватни работи во кој никој не треба да се меша, социјалните табуа тешко умираат. Поради тоа многу научници се занимавале со оваа тема. 

Неодамна објавената студија во списанието Journal of Population Economics покажа дека „идеалната“ разлика во годините меѓу партнерите кога станува збор за брачно задоволство, не постои.

Едно истражување покажа дека мажите и жените во поголем број случаи биле задоволни со помладите партнери и незадоволни со постарите сопрузи.

– Заклучивме дека мажите, кои се ожениле со помлади жени се незадоволни, додека оние кои имаат повозрасни сопруги се најмалку задоволни, нагласува професорката, коавторка на студијата Тера Мекиниш.

– Исто така жените, кои се заодоволни се оние, кои се омажени за помлади мажи, додека госпоѓите, кои имаат постари сопрузи се помалку задоволни, додаде таа.

Незадоволството вообичаено се јавува меѓу шестата и десеттата година во бракот. Истражувачите веруваат дека незадоволството може да се јави поради различни одговори на финансиски ситуации.

– Забележавме кај двојките кои постои голема разлика во годините имаат поголема тенденција да бидат незадоволни со својот брак кога ќе се соочат со економските проблеми во однос на двојките меѓу кои постои мала разлика во годините, додава Мекиниш.

Сепак, станува збор за мода која е се повеќе популарна и не би требало да се грижат оние кои се задоволни со животот со партнерот и покрај тоа што постои голема разлика во годините.

loading...