ПОТИСНУВАЊЕ НА ВИСТИНСКИТЕ ЧУВСТВА ЧОВЕКОТ СЕКОГАШ ГИ ПЛАЌА СО ЗДРАВЈЕ

2124
Booking.com INT

Кога сме под стрес, имаме “грч во стомакот”, кога плачеме поради тага, “се задушуваме во солзи”, а кога нешто ќе нè преплаши, “се треснеме од страв”. Емоциите се тесно поврзани со физичкото здравје, а многу болести се предизвикани од потиснување на чувствата.

Bitcoin Exchange CEX.IO

– Сè оди од мислите, од кои се раѓаат емоциите, а тие дејствуваат на телото така што ја зајакнуваат работата на симпатикус или парасимпатикус. Овие два дела на автономниот нервен систем така можат да дојдат во нерамнотежа која предизвикува физичка болест – објаснува д-р. Мед. Марија Бура.

Докажано е дека емоциите како што се стравот и депресијата во телото предизвикуваат значително различни хемиски реакции од оние кои ја предизвикуваат среќата и задоволството.

Но, тоа не значи дека доброто здравје подразбира живот во совршени услови – не е толку важно што се случува околу вас колку што е важна вашата реакција на животните настани, велат експертите. Емоциите е невозможно да се контролираат, но можно е да се научиме да ги прифатиме, да ги набљудуваме и да учиме од нив. Тие покажуваат што се случува во нас и треба да ги послушаме. Сепак, емоциите не се единствената причина за болести – некои психолози тврдат дека за развојот на болеста во 75 проценти од случаите се одговорни потиснатите емоции, а остатокот отпаѓа на генетиката.

Соочувањето секогаш е најдоброто решение

Емоциите се систем за предупредувања. Тие се најсигурниот показател за она што навистина се случува во животот на човекот и го покажуваат патот кој треба да се следи, вели д-р. по психологија Морис Елиас. Иако соочувањето може да биде тешко, тоа е долгорочно најдоброто решение.

Бегството води во челустите на болеста

Игнорирањето или сузбивањето на емоциите предизвикува сериозни болести како рак, артритис, но и бројни хронични болести. Често се појавува и чувство на депресија кое уште повеќе го комплицира лекувањето и заздравувањето.

Идентификување на системот на уверувања

Емоциите се базираат на верувањата од детството. Системот на уверувањата, кој се формира до седмата година на детето, одредува како возрасното лице ќе го види светот и ситуациите околу себе. Штом некој човек ќе ја сфати и ќе ја препознае својата шема на уверување, полесно ќе биде да се соочи со мислите заради кои постојано се врти во маѓепсан круг.

Секоја емоција има сопствен орган

Постојат седум основни емоции – гнев, среќа, грижа, замисленост, тага, страв и шок, а секоја е поврзана со функционирањето и здравјето на органите.

Штом ќе се појави нерамнотежа во работата на органите, тоа е знак дека чувствата почнале да дејствуваат врз здравјето. Но, тоа функционира и во друга насока. На пример, ако црниот дроб собира премногу токсини, ќе се појави лутина и човекот е раздразлив од непозната причина. Исто така, лутината ќе предизвика нерамнотежа во функционирањето на црниот дроб, и тоа станува маѓепсан круг. Лутината е поврзана со замерање, фрустрација и бес, и ако не се соочи со неа, може да биде причина за главоболки, вртоглавица и висок притисок. Луѓето кои се склони кон проблеми со желудникот, заради потиснатиот гнев ќе страдаат од гастритис или чир на желудникот.

Доколку се нарушат грижите и анксиозноста, тоа ќе предизвика лоша дигестија, надуеност по оброците, грчеви и болки во подрачјето на абдоменот. Претераната загриженост, исто така, ќе предизвика и проблеми како запек или синдром на нервозно дебело црево.

Среќа – срце

Премногу возбуда, дури и онаа што ја сметаме за позитивна како организација на венчавки, може да предизвика нервоза, анксиозност, несоница и прескокнување на срцето. Овие симптоми обично укажуваат на емоционална нестабилност. Оние кои вечно бараат возбуда, исто така, припаѓаат во оваа група.

Грижа – слезината

Претерана загриженост станува нормална за денешното општество, исполнето со стресни ситуации. Но, голема загриженост влијае и врз правилното функционирање на слезината. Иако конвенционалната медицина е склона да ја превидуват важноста на овој орган, важно е да се напомене дека нарушувањето на работата на слезината може да доведе и до дигестивни проблеми, како што се проблеми со варењето, а во некои случаи причината за хроничен замор е токму нарушувањето на правилното функционирање на овој витален орган.

Страв – бубрези

Емоцијата на стравот е поврзана со бубрезите. Нормално е повремено да се чувствува страв, но кога состојбата на стравот станува хронична, таа почнува да влијае на здравјето. Ненамерното мокрење е најчестиот знак на нарушувањето, па дури и кај децата мокрењето во кревет може да биде резултат на прекумерен страв од некој или од нешто друго. Долготрајната состојба на стравот води до хронична слабост и замор.

Замисленост – слезина

Премногу размислување за нешто влијае врз функционирањето на слезината. Предизвикува чувство на меланхолија и неможност да се концентрира. Лицето кое страда од премногу промислување може да доживее симптоми како што е лош апетит, да заборави да јаде или да има чувство на надуеност после јадење. Поради слабото функционирање на слезината, можна е и појава на особено блед тен.

Шок – срце

Шокот не е поврзан само со еден орган, туку поради својата неочекуваност, најмногу влијае врз срцето и бубрезите. Во состојба на шок, човекот ќе доживее состојба на исклучителна подготвеност да се бори или да избега поради секрецијата на адреналинот. По шокот, се појавува прескокнување на срцето, вознемиреност и несоница. Долгорочната состојба на шок предизвикува сериозни реперкусии на целото тело и предизвикува нарушувања како што се ПТСП.

Тага – бели дробови

Луѓето кои проживуваат долги периоди на тага обично чувствуваат умор, страдаат од недостаток на здив или чувства на затегнатост во градите, склони се кон настинки и грип, напади на астма, но и проблеми со кожата. За луѓето кои се во период на жалост, типично е често плачење, а сето тоа може да предизвика и депресија.

Заробени во потиснувањето

Настаните со кои не сакаат да се соочат луѓето често се решаваат така што се прават дека и не се случиле, затоа што не сакаат да ја проживуваат болката која ја носат.

Емоциите така остануваат во телото сè додека не одлучат да се соочат со нив, а оние чувства кои долго се задржуваат во телото предизвикуваат физички заболувања. Бидејќи голтањето на емоции одзема многу енергија, на телото му недостасува “гориво” за други активности. Тоа предизвикува чувство на хроничен замор, депресија и желба за осаменост. Исто така, се појавува потреба за испополнување на празнината, така што луѓето често прибегнуваат кон храна, алкохол, дрога или секс. Но, тоа сѐ се краткорочни решенија. Справувањето со трауматските настан ќе ги отстрани лошите емоции и болка.

Во ‘Ма, тоа баш и не е важно’ се крие замка

Соочете се со “незначителни” повреди, бидејќи често под маската на небитното се крие она што навистина нѐ повредило. Неразрешените проблеми ве оневозможуваат да продолжите понатаму.

Не се прејадувајте ако сте тажни, поразговарајте со некого

Обидете се да дознаете која емоција стои во позадина на потребата за прејадување, опивање или попатен сексуален однос. Посвете се на справување со потиснатите емоции, наместо да ги “лекувате” со компулсивно однесување.

Избегнување на емоциите

Начини кои се користат за да се избегне работата на себеси и справувањето со емоциите често се манифестираат како различни форми на компулсивно однесување.

  • игнорирање на емоциите
  • преправање дека нешто не се случило
  • прејадување
  • јадење слатки и масна храна
  • прекумерна употреба на алкохол
  • злоупотреба на дроги
  • земање лекови за смирување
  • компулсивно вежбање
  • било каков тип на компулсивно однесување
  • претерување во сексот
  • ангажирање со работа
  • континуирана анализа на ситуации
  • прекумерно читање или гледање телевизија
  • радохоличност
  • водење површни разговори
  • маскирање на гневот во смиреност

Симптоми на игнорирање

Потиснување на емоции одзема многу енергија што предизвикува замор и депресија, како и бројни физички и ментални нарушувања.

  • Умор
  • депресија без очигледна причина
  • раскажување за сè, освен за себеси
  • однесување како да не нѝ е гајле
  • избегнување на разговор за чувствата
  • губење трпеливост заради незначителни работи
  • постојано чувство на грч во желудникот
  • чувството на лутина неколку дена по настанот кој ја предизвикал
  • не зборувате за себе со вашиот партнер
  • тешкотии во разговорот за себе
  • проблематични односи со блиски луѓе
  • недостаток на мотивација
  • летаргичен став
  • тешкотии во прифаќањето на себеси и на другите
  • преправање дека сме надворешно среќни додека одвнатре сме всушност тажни

Запиши и ослободи ги емоциите

Започнете да водите дневник на емоции – запишете сè што ќе ви падне на ум, без премногу промислување, за потсвеста да ја преземе улогата.

Запишувањето може да помогне да се идентификуваат и да се ослободат емоциите, па за почеток дневникот пишувајте го околу десет минути на ден. Опишувајте како се чувствувате во тој момент и препуштете се на она што ќе излезе на хартија и не се чувствувајте виновни за она што чувствувате. Наскоро ќе забележите дека емоциите се менуваат на подобро. Но, ако имате чувства на длабока вознемиреност, побарајте совет од психолог или психијатар.

Збор на експертот: Мери Бура, д-р. мед.

Промените на животните навики ќе донесат позитивни промени

Повеќето болести се предизвикани од потиснување или игнорирање на емоциите. Се разбира, од оваа група се издвојуваат повредите и болестите предизвикани од нетолеранцијата кон различни токсини кои нè опкружуваат во воздухот што го дишеме, храната што ја јадеме и речиси од сè околу нас. Треба да се знае дека потиснуваните емоции се предизвикувачи на сериозни болести и дека на тоа треба да се работи. Можно е, се разбира, да одлучиме да се излекуваме од многу тешка болест и со систематска работа на себе тоа и да го направиме. Но, дури и малите промени во навиките позитивно ќе влијаат врз здравјето. Една од основните работи на кои треба да обрнеме внимание е исхраната, а со индивидуализираниот пристап кон исхраната и дисциплината можат многу нешта да се сменат. Понатаму, постојат различни техники за соочување со емоциите, во зависност од индивидуалноста на пациентот. На некои ќе им одговора пишувањето на дневник, а некои разговор со психологот. Многу добар метод за решавање на стресот е и јогата, бидејќи се фокусира на дишењето и со различни техники на дишење, можеме да направиме многу за нашето здравје.

Доверете му се на својот пријател

Со цел да се ослободите од потиснатата емоција, изговорете ја. Кажете му на некој (пријател, член на семејството, психолог) секој детал поврзан со настанот кој ве прогонува. Така ќе добиете поздрава перспектива на ситуацијата. Не го прераскажувајте на 100 страници, бидејќи на крајот ќе почнете да му замерувате на оној кој ве повредил.

Ослободете го незадоволството

Простувањето не е нешто што правите за некој друг туку за себе. Тоа едноставно значи дека ги ослободувате негативните емоции – ги почувствувавте, преживеавте и ги ослободивте. Меѓутоа, простувањето не значи дека лицето што те повредило сега мора да биде најдобриот пријател.

Оддалечете се од ситуацијата и емоциите

Кога сте во силна емоционална состојба, обидете се да се извлечете од ситуацијата. Тоа најлесно ќе го направите ако замислите дека ситуацијата му се случува на некој друг. Оддалечувањето од ситуацијата овозможува рационално разбирање на она што се случува.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...