ПОТРЕСНАТА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА НА ГЛУМАЧКИОТ БАРД

2729

По смртта на саканиот син, Љубиша се скришил, го спасила неговата сопруга: “Таа била и останала мојата најголема поддршка”

Легендарниот српски актер и режисер, Љубиша Самарџиќ, кој починал по долга и тешка болест во петокот на 80-годишна возраст, бил, се согласуваат сите кои го познавале, човек со големо срце, кој, и покрај многуте неволји кои го следеле во животот, никогаш не губел оптимизам и ведар дух.

Роден во скромно рударско семејство, Љубиша се оженил во 1966 година со својата најголема љубов, филмската режисерка Мирјана.

loading...

“Ја сретнав на Блед додека служев војска, а таа беше таму со своето семејство на одмор. Имаше 17, а јас 26 години. Кога сфатив дека пред мене имам интелигентна жена, која во мене придвижува љубов и страст, решив, по секоја цена да ја освојам. Беше тешко, бидејќи мислеше дека актерите се боеми. Но, јас не се откажував. Во мојот “разбушавен“ живот, Мирјана внесе внатрешен ред и мир. Од првиот ден ѝ се восхитував на нејзиниот однос кон мене, децата, пријателите … Таа беше и остана горда. Молчеше, и кога имавме и кога немавме, таа знаеше да ја сподели радоста со другите и да ја пренесе својата животна радост, секогаш работеше со своето срце и искрено” – своевремено зборуваше Самарџиќ.

Со својата жена ги споделил најубавите и најтажните моменти сè до неговата смрт, а токму таа била најголемата поддршка кога од леукемија починал нивиот драг син Драган. Имаше само 34 години.

“Кога Гага, така го нарековме од милост, заминувал, мислев дека и мене ми се приближува крајот. Мирјана ме тргна. Беше свесна дека морално паднав, изгубив тежина, ја изгубив волјата за било што. Таа ми рече: “Човеку, животот е смрт, запомни го тоа! Продолжи да работиш, тоа е твојот смисол за опстанок”. Беше во право. Жално е што не завршила психологија” – изјавил еднаш обожуваниот актер, кој во брак со филмската режисерка ја добил и ќерката Јована.

– “Мирјана беше и остана столб на куќата, но внуците внесоа некоја нова енергија во нашите животи. Здравјето не ме служи најдобро, но во секој случај, одиме понатаму” – рече Самарџиќ пред неколку месеци, пренесува српскиот Курир.

loading...