Потресна приказна | Го држеше бебето во раце, се насмевна и рече “Господ е голем”

15665

Ситуацијата во која се нашол за него била многу ужасна, но, исто така, поучна, и одлучил да ја раскаже и да ја сподели со сите.

Прочитајте ја приказната на гинекологот за денот кога еден живот згаснал раѓајќи нов.

Во описот на страницата “Порака во шише” на Фејсбук стои дека тоа е местото каде што можете да напишете порака за секој, да напишете она што ве мачи, она што ви е на душа.

loading...

Потребата да ги сподели своите чувства имал и еден лекар, гинеколог, кој по тешко породување одлучил да ја сподели својата приказна со сите, со цел да ѝ оддаде почит на жената која не успеал да ја спаси, но, и да укаже почит кон сите мајки во светот.

“Денес е најтажниот ден од мојот живот. Како лекар породив многу бремени жени и секој пат кога ќе влезам во сала молам Бога да ги награди сите.

Болката која жените ја издржуваат во породилното одделение е неопислива, и не вклучува само девет месеци од бременоста, туку тие поминуваат низ многу работи само за да донесат на свет нов живот.

Денес плачев затоа што изгубив една жена, но не се молиме за вакви работи, затоа што Бог понекогаш има поинаков план. Зошто случајот на оваа жена беше толку болен? Таа не можела да има деца 14 години! Се обидовме со вештачко оплодување и многу други методи кои му се познати на човекот, жената помина низ многу нешта.

На крајот, Бог ја почести, тоа беше над науката и човековото знаење. Забремени и покрај фактот дека имала цисти на јајниците и матка полна со миоми.

Миомите почнале да исчезнуваат и се беше во ред, знаев дека Бог ќе го направи она што ни се чини неверојатно од неговата величенственост и милост.

По девет месеци, дошло време на породување. Кога нејзиниот сопруг ја донел во болница, брзо оставив сè што работев за да бидам со неа. Со часови се породуваше, а по седмиот час беше толку болно што решив да ја отворам.

Ја загубивме, но бебето остана живо. Пред да почине, го држеше бебето во раце, се насме и рече: “Господ е голем”, а потоа ги затвори очите.

Бев потресен и тажен, отидов до нејзиниот сопруг да му кажам што се случило, но откако слушна се онесвест, неговиот среќен ден се претвори во тажен ден.

Денес ние изгубивме еден живот, раѓајќи нов.

Ве молам почитувајте ги жените, бидејќи тие поминуваат низ долината на смртта само за да донесат нов живот. Почитувајте ги своите жени! Носењето бебе девет месеци не е шега, а да се пораѓате со часови, само да го роди вашето бебе, е голема жртва.

Молам Бога да ги заштити сите оние кои го читаат ова, а особено бремените жени, ве молам, да бидат во вашите молитви.

Ве молам, ако имате проблеми со својата мајката и одбивате да ја навикате, ве молам јавете и се сега! Таа поминала многу нешта за да ве роди.”

СПОДЕЛЕТЕ СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ … !!!

"Danas je najtužniji dan u mom životu.Kao doktor porodio sam puno trudnica i svaki put kada uđem u rađaonu molim Boga…

تم نشره بواسطة ‏‎˙٠••٠ Poruka u boci ˙٠••٠‎‏ في 1 أكتوبر، 2017

loading...