Поттикнете ја самостојноста кај детето

2027

Со цел вашето дете да стане самостојно, морате да го пуштите да се кали на ситници, а една од нив е облекувањето.


– Самостојноста во облекувањето е важна психичка и емоционална пресвртница, тврди др. Карен Раски, семеен терапевт.

Децата сакаат независност, па не е чудната нивната желба во јануари да облечат костим за капење. Секако тоа возрасните нема да го дозволат, но ваквите искуства на најмладите им се неопходни, затоа што благодарение на нив ја градат личноста и самодовербата.

Раскин нагласува дека и постапката за облекување, како што е закопчување копче, претставува основа за развој на моториката, а таа е многу важна.

Затоа Раскин ги советува родителите малите деца ги пуштат сами да е грижат што ќе се облечат, но и да им дозволат сами да се облечат, иако за тоа ќе им треба подолго време. Не мора тоа да го прават постојано, но нека го прават барем секој втор ден.

loading...