Поучна приказна | Сè се враќа, сине мој

13540
Booking.com INT

– Тоа беа, па поминаа, па повторно дојдоа некои тешки времиња синко! – рече старецот.

Bitcoin Exchange CEX.IO

– Како знам за себе секогаш тешко се живеело, но порано полесно се живеело. Немало бог знае што, но срцето било задоволно со она што си го имал. Срцето било полно со многу љубов од која се роаѓало почитувањето на луѓето. Таткото беше татко, мајката – мајка, а детето – дете. А денес? Не треба да се зборувае премногу, сѐ е познато.

Сѐ повеќе луѓе се мијат со своите сопствени солзи, бидејќи среќата за некои е само поим, бајка. Ако мене ме прашуваш, сине, долго не почувствував трошка радост и мир. Долго време, мој сине, не сум се насмеал од срце. Знаеш она “од душа”.

Се разбира дека ја викнав, но не знаев дека треба само да ја викнам со “животе мој”. Но сега знам …

А, ме прашуваш за децата? Тие се добри за мене, нека се живи и здрави! Сите имаат свои деца и свои животи. Тие доаѓаат и ме посетуваат колку што можат, ми даваат колку што можат. Седам тука до прозорецот и со часови гледам некаде, и да ме прашаш каде, не знам ниту самиот!

Но, гледам и чекам, и кога ќе ги здогледам милите лица на моите деца како сонцето да ме огреало. Иако, ретко ме грее. Тие ми велат дека имаат премногу свои обврски и постојано се брзаат.

Запомни, сине мој, Бог дава, а луѓето користат. Сепак, нешто добро нѝ дал и оставил – а тоа е дека сите ние сме деца и дека сите ќе бидеме родители. Ако сме млади денес – утре сме стари. Ако сме денес силни – утре сме слаби. Ако сме денес здрави, утре којзнае? И да, ако постои правда, токму тука ја има!

И јас еднаш бев млад и силен. Бев и среќен и полетен. И мене мајка ми и татко ми ме чекаа како што јас чекам сега.

Затоа, не заборавај, сине, сè се врти во еден волжебен круг наречен живот и сè се враќа!

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...