Поцрн почеток на една Нова година немало до сега | Еве ги настаните кои го одбележаа почетокот на 2017 година

6053

Терористичкиот напад во ноќниотн клуб во Истанбул со 39 мртви и 69 повредени е најмрачниот настан кој го одбележа првиот ден од 2017 година, но и покрај повиците за мир, насилството е насекаде во светот, од тешкото ранување на полицаецот во Италија, преку терористичките напади во Ирак и кршењето на прекинот на огнот во Сирија, до Бразил, каде што еден човек ја убил својата сопруга и уште најмалку 11 лица.

Целта на атентатот, извршен во клубот во Истанбул на новогодишната ноќ, е “да се создаде хаос”, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и процени дека целта на терористите е деморализација на народот и дестабилизација на земјата со ужасни напади насочени кон цивилите.

По сторителот се уште се трага и никој не ја презеде одговорноста за нападот во клубот Reina со 39 жртви, меѓу кои повеќето се странски државјани.

истамбуч

Според последните податоци објавени од АФП, меѓу загинатите се тројца Јорданци, а четворица се повредени. Убиени се двајца државјани на Тунис, една Израелка, двајца Индијци, маж со турско-белгиско државјанство и неколку Саудијци. Меѓу жртвите се и државјани на Мароко, Либан и Либија, според Министерството за семејство на Турција, пренесува агенцијата Анадолу.

Папата Францис во пораката за Нова Година го осуди атентатот во градот на Босфорот и го повика целиот светот да работат заедно во борбата против тероризмот, а новиот шеф на ОН, Антонио Гутереш во својата прва порака од 1 јануари, откако ја презеде функцијата, ја повика меѓународната заедница да се посвети на каузата за мир во светот.

Во Ирак, најмалку седум лица загинаа, а 15 беа повредени во напад на контролен пункт на ирачката полиција јужно од Наџаф, а одговорноста ја презеде Исламската држава, изјавија ирачки официјални лица. Нападот е извршен од тројца самоубијци со експлозивни појаси кај Кадисија. Тие отвориле оган врз полицијата која им одговорила, а потоа ги убиле при што нивниот автомобил експлодирал.

И покрај прекинот на огнот, кој стапи на сила во петокот во обид да се стави крај на шест години долгата војна во Сирија, сириските владини авиони извршиле неколку воздушни напади, а во некои делови на земјата се уште има конфликти со низок интензитет, пренесуваат агенциите повикувајќи се на набљудувачите.

Во малата земја на Персискиот Залив, Бахреин, вооружени лица нападнаа еден затвор и на затворениците обвинети за тероризам им овозможија да избегаат при што еден полицаец е убиен.

Инциденти имало и во Европа. Во експлозија на рачно изработена бомба рано наутро во неделата, пред една книжарница во Фиренца во која работи една група на нео-фашисти, сериозно е ранет еден полицаец кој се обидел да ја деактивира бомбата која експлодирала и во болница морале да му ја ампутираат раката, но останал и без едното око.

Џанлука Iannone, претседател на екстремно десничарската CasaPound рече дека ова е трет напад во една година на таа книжарница која потсетува на оловните 70-тите и 80-тите години кога Италија се давела во екстремистички напади од екстремната левица и десница.

Тешки сообраќајни несреќи

Три лица загинаа, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила во утринските часови јужно од Мостар, објавија од Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот округот. Несреќата се случила во 06:15 кога BMW со босански регистерски таблички најпрво удрил во багер кој се движи во правец на населбата Буна, од силниот удар се одбил и налетал на автомобил марка Ауди, кој доаѓал од спротивната насока. Трите лица кои биле во БМВ-то на самото место починале.

За да стасаат до повредените, службите за итна помош и пожарникарите морале да ги сечат деловите на возилото. Возачот на аудито и багеристот претрпеле лесни телесни повреди.

Шест лица загинаа, а 13 се повредени во ланчан судир на автопат во јужниот дел на Германија, објави локалната полиција. Несреќата се случила најверојатно поради густата магла во близина на градот Bad Groenenbach на автопатот А7 околу еден час по полноќ, соопшти баварската полиција.

loading...