Почетокот на менопаузата зависи од гените

690

Британски научници идентификувале делови од ДНК кои го контролираат времето за почетокот на менопауза.

Новите наоди можат да доведат до развој на тестови за плодност или предвидување за почетокот на менопауза, сметаат истражувачите од универзитетите во Ексетер и Кембриџ. Според научниците, клучни се гените задолжени за „поправки“ кои организмот ги спроведува самостојно, без надворешни влијанија.

Засега истражувачите издвоиле два такви механизма – едниот, кој ги извршува потребните „поправки“ при формирање на јајце клетките и другиот, кој ги решава оштетувањата предизвикани од пушење или конзумирање алкохол, што влијае врз бројот на корисните јајце клетки и почетокот на менопауза. Во истражувањето се користени податоци од ДНК за околу 70 илјади жени.

loading...