Почина Зоран Маџиров | Видео

1577

На 49 годишна возраст, од последици на сообраќајна несреќа, што се случи на почетокот на Октомври минатата година, денеска почина џез музичарот Зоран Маџиров, дома и меѓународно познат како врвен перкусионист кој свири на шишиња, чаши и на други необични инструменти.

Зоран Маџиров е роден на 14 јануари 1968 во Струмица.

Зоран Маџиров пораснал во музичкото семејство и првото знаење за џез-тапаните ги добил од својот татко. Потоа започал да учи пијано, труби и удиралки. Заминува за Германија, каде што студиите по музика ги продолжил во Минхен и на Универзитетот во Келн. Во Европа настапувал заедно со триото Les Barons Karamazoff, со кое реализирал два проекта: Historical recordings и Pytagora’s glasess and lute.

Го револуционаризирал концептот на соло-перкусионист, свирејќи ги делата на класични композитори, од калибарот на Игор Стравински и на Моцарт. Со триото Les Barons Karamazoff настапил на Скопскиот фестивал 2000 година, каде ја воодушевил домашната публика со своето виртуозно свирење на шишиња, чаши и останати необични инструменти. На 25 август 2000 година со својот квартет настапил на кумановскиот Летен џез фестивал.

За Музичката и касетна продукција при Македонска Радио Телевизија кон крајот на 2000 година го објавува својот прв домашен компакт диск Home.

loading...