Почина музичарот и поп иконата Принс | Видео

424

Музичарот и поп икона Принс почина денеска на својот имот во Минесота.

Принс почина во 57. година од животот, а пред шест дена беше итно хоспитализиран по настапот во Атланта, кога неговиот авион принудно слета. Тогаш музичарот беше итно пренесен во болница во Илиноис, каде беше задржан неколку дена.

Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот долгогодишен публицист.

Извори за ТМЗ соопштија дека неговото тело било пронајдено во неговото Пејсли парк студио.

Принс се прослави во 80-те години од минатиот век, со албумите 1999, „Purple Rain“ и „Sign O the Times“. а во текот на криерата продаде повеќе од 100 милиони албуми.

https://youtu.be/F8BMm6Jn6oU

https://youtu.be/-ZCiHsIfrOg

loading...