Почина пионерот на електронската музика Жан-Жак Пери | Видео

522
Booking.com INT

Францускиот композитор Жан-Жак Пери, кој важи за пионер на електронската музика, почина во Швајцарија на 87-годишна возраст од рак на белите дробови.

Bitcoin Exchange CEX.IO

– За жал, мојот татко почина на 4 ноември од карцином, потврди синоќа неговата ќерка Патриција Лерој.

Својата музичка кариера Жан-Жак Пери ја започна на 50-те години на минатиот век и тој беше меѓу првите европски музичари кои ги прифатија електронските инструменти. Во почетокот на 60-те години се пресели во САД, каде во 1965 почна да соработува со композиторот Гершон Кингсли си кого сними два популарни албуми „The In Sound From the Way Out“ во 1966 и „Kaleidoscopis Vibrations: Electronic Pop Music From Way Out“ во 1967 година.

– Како сопственик на дискографската куќа „Огли Рекордс“ имав задоволство да имам средба со стотици уметници, но ретко имав можност да работам со легенди, изјави за интернет изданието на списанието „Ролинг Стон“ Карл Каприогли, пријател на Пери кој во 2006 година го објави неговиот албум „The Happy Electropop Music Machine“.

– Жан-Жак Пери е легенда и благодарен сум што имав можност да помогнам да ја сподели неговата убава музика со светот, рече сопственикот на „Огли Рекордс“.

Жан-Жак е коавтор и на познатите џинглови кои се свират во Дизниленд, а неговата музика се појави во повеќе реклами и телевизиски серии, меѓу кои и „Симпсонови“ и „Саут Парк“.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...