Почнува тестирање на вакцината против рак врз луѓе, ги напаѓа сите тумори

1367
Booking.com INT

Револуционерна вакцина против рак, која напаѓа тумори низ целото тело влегува во фаза на тестирање врз луѓе, а научници од Универзитетот Стенфорд тврдат дека само една инјекција поттикнува имунолошка реакција на организмот и се напаѓаат сите тумори кои евентуално метастазирале.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Како што објавуваат американски медиуми, тестирањето врз луѓе почнува откако тестирањето врз глувци, според научниците, поминало „исклучително добро“.

Деведесет отсто тестирани животни биле излекувани по само една инјекција, а останатите по само уште една. Лекот дејствувал дури и кај глувци кај кои ракот се проширил низ целото тело. Резултатите од истражувањето се објавени во Сајенс Медисин.

Иако терапијата се нарекува „вакцина против рак“, разликата во однос на другите класични вакцини е што таа се аплицира на луѓе кои веќе се болни.

Лекот има две компоненти. Првата е кратка секвенца на ДНК која со соседни ближни имунолошки клетки засилува експресија на активациски рецептори на површина на Т-клетки кои се клучни во борбата на организмот против рак. Втората компонента е антитело што се поврзува со рецепторот, активира Т-клетки и напаѓа клетки на ракот. Бидејќи се вбризгува директно во туморот, лекот оспособува Т-клетки кои веќе препознаваат рак, бидејќи се во него.

Планирано е лекот да се тестира врз 15 доброволни пациенти кои боледуваат од лимфоми.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...