По ова истражување, повеќе нема да ги дувате свечените роденденски свеќички …

2487
Booking.com INT

ЛЕГЛО НА БАКТЕРИИ. Истражувачите откриле дека по дувањето на тортата остануваат многу бактерии, но уште повеќе зачудува, да секој кој дува остава различни видови на бактерии.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Секоја прослава на роденден најчесто е придружена со соодветен и среќен ритуал – дување на свеќичките на тортата.

Колку да е забавно и толку исчекувано, тимот на истражувачи на Clemson Универзитетот во Јужна Каролина открил дека плунката, која се шири со дување на роденденските свеќички, го зголемува бројот на бактерии на шлагот на тортата за 1400 проценти.

Различни видови на бактерии

За ова истражување, научниците симулирале роденденска торта, така што на “колачот” од стиропор ставиле шлаг и свеќички.

Тогаш востановиле дека по дувањето на тортата остануваат многу бактерии, но уште повеќе зачудувачки е, да секој што дува остава различни видови на бактерии.

Во просек, по секое дување на свеќичките на шлагот имало 14 пати повеќе бактерии.

Сепак, научниците велат дека ова откритие не треба да ги расипе роденденските забави, бидејќи овие бактерии обично не се штетни за здравјето.

Но, оние полакоми, кои едвај чекаат за второ парче од роденденска торта, нека размислат двапати.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...