По разводот дознав за магијата на сексот за една ноќ

1448

Бидејќи Џесика Р. израснала во конзервативно семејство, таа се омажила за првиот маж со кој спиела. Но, и се развела 23 години подоцна.

Тогаш за прв пат отиша сама на одмор, и со свои 40 години имала секс што ѝ го променил поглед на нејзиниот живот.

“Дерек беше убав и десет години помлад. Се сретнавме во барот и отидовме во хотел. Следното утро се разбудив покрај него и се чувствував попривлечно од кога и да било. Тој доби она што секој маж сака, а јас добив она што ми требаше. Бев засрамена, но решив да ја споделам оваа приказна и на тој начин да се ослободам од непријатноста. Повторно имав такво искуство и сфатив дека постојат причини зошто сексот за една ноќ не е толку лоша идеја”, вели Џесика Р.

Еве четири лекции на кои сега ги учи нејзините пријателки

1. Сфатив кое “јадење” ми е омилено

“Треба да пробаш неколку јадења за да разбереш кое ти е омиленото”, им велам секогаш на моите пријателки. Без разлика дали станува збор за нова храна, патување во нови земји, или потрага по љубов со различни мажи.

2. Научив да барам она што сакам

Кога не се грижиме околу тоа што следно ќе се случи, можеме да бидеме целосно свои и опуштени. Со сексот за една ноќ нема други можности, ако сакате нешто треба веднаш да прашате. Научив дека со малку разговор можам да добијам што сакам.

3. Сега знам да уживам во моментот, без емоции

Поради повремени авантури, жените можат да се чувствуваат добро. Следното утро можеме да заминеме, а можеме и да го запознаеме човекот. Не е губење на време да ја запознаете својата сексуалност и да уживате во моментот.

4. Можам да бидам силна, независна и секси одеднаш

За да уживаме во животот, ние мора да ги доживееме сите наши страни. Решив да го живеам својот живот и да уживам во него, а сексот за една ноќ е само дел од животот.

loading...