По што се разликува паметната жена од мудрата жена?

1378
Booking.com INT

Паметната жена кога ќе најде грешка кај сопругот му замерува и го потсетува дека го предупредила повеќе пати.
Мудрата жена ќе го поддржи и ќе го расположи. И ако треба ќе се направи наудрена како ништо да не забележала.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Паметната жена во кризна состојба ќе ги преземе силите на власта во свои раце, ќе го обвини сопругот и ќе го научи како да живее правилно.
Мудрата жена многу чувствително и непоколебливо му го покажува правецот, сопруг тоа да го сфати како своја идеја и го поддржува во намерата да ја достигне целта.

Паметната жена ќе ги учи децата математика, без разлика на сѐ.
Мудрата жена пред сѐ ќе гледа во нив личности.

Паметната жена на работа ќе се обиде да биде подобра од сите и да не прави грешки. Затоа повеќето колеги ќе бидат многу внимателни со неа.
Мудрата жена ќе создаде атмосфера на љубов и топлина меѓу колегите.

Паметната жена ќе ги меша во животот своите возрасни деца, ќе им дава совети и препораки кои не ги барале, ќе им кажува како да ги воспитуваат своите деца и ќе преземе повеќето од одговорностите на себе.
Мудрата жена им дозволува на своите деца да добијат доживотно искуство и им дава поддршка во секоја ситуација, а обврските ги распеределува на сите.

Паметната жена ќе се бори со впечатокот на нејзината свекрва, ќе ја брани својата независност од своите родители и ќе се расправа со нив заради советите што и ги даваат.
Мудрата жена ќе научи да се смее, да ги слуша молчејки и да остане во контакт со нив. И да работи по свое. Со љубов.

Паметната жена сака да го промени светот. Да ги превоспита сите луѓе околу себе.
Мудрата жена почнува да се менува сама. И ги прифаќа сите какви што се.

Паметната жена мисли дека е среќен оној што е во право.
Мудрата жена знае, дека е во право оној, кој е среќен.

Автор: Вера Чешева

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...