Првата промоција на „Заедно да растеме“ од Филип Димкоски се случи во основното училиште на авторот

1418
Booking.com INT

Новата поетска книга за деца од поетот Филип Димкоски својата прва промоција ја доживеа вопетокот (13.4.2018) во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп, училиштето каде Димкоски помина осум години од своето образование.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Драги мои, денеска ја имав најголемата среќа, но и најголемата одговорност. Во училиштето каде пораснав, во моето основно училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп да се вратам по осум години, но сега како автор кој ја промовира својата книга за деца.Но, авторот, вечерва пак си беше едно дете кое трепери како на патронен празник, пред своите наставници и внимава да не погреши во она што треба да го каже- напиша Димкоски на својот профил на Фејсбук по завршувањето на промоцијата.

Настанот беше инициран од директорката на училиштетог-ѓа Кети Стевананџија, а во организацијата беа вклучени наставниците Розита Кареска, Сузана Николоска и Гоце Димески кои му предавале на авторот додека тој се школувал и растел во ова училиште.

Програмата ја водеше ученикот Борис Ночески, кој заедно со својата соученичка Душицa Тодороска од деветто одделениеизрецитира неколку песни од творештвото на Димкоски. Со рецитал од песната „Кога зборовите зборуваат“ од книгата „Заедно да растеме“ се претставија учениците од петто одделение Сотир Чатлески, Марија Котева,Марко Петрески, Ѓорѓи Петкоски, Теодор Николоски, Тамара Ристеска, Благоја Црвенкоски и Софија Ристеска. Кус говор одржа директорката Кети Стевананџија, а наставничката по македонски јазик Сузана Николоска даде осврт за книгата но и за целокупното творештво на Димкоски, во кој меѓу другото рече:

Денес задоволство ми е што можам сега и овде со вас да го споделам сознанието дека бев дел од психофизичкиот развој и токму поради тоа емотивната поврзаност е неминовна. Денес Филип е реномиран млад поет, кој еве сега ни подарува нова стихозбирка. Тоа е само уште една потврда за неговиот талент, но иза потребата да го изрази она што го носи во себе, па затоа низ стихови праќа порака:

Песната е вистинска ако детето
го бодри и го милува,
му дава сила и го раскрилува,
му носи ведрина и ука,
не дозволува лоши нешта
во срцето да му се пластат,
со искрена песна полна љубов,
децата побрзо растат!- рече Николоска

На настанот присуствуваше и првата наставничка од Филип Димкоски, Розита Кареска која рече:

Попладне исполнето со поезија, наплив на емоции…среќа, гордост, нежност, љубов…Чувството кога учителката со восхит го слуша поетот, нејзиниот ученик, возбудата е преголема, останав без зборови, а толку многу сакам да кажам-вели Розита Кареска.

Инаку, „Задно да растеме“ е четврта книга на Димкоски, во издание е на Академски печат од Скопје. Во неа се поместени 38 песни и 14 илсутрации специјално рачно насликани за книгата од академската сликарка Александра Ацеска. Рецензент е Љиљана Атанасова, а автор на предговорот, писателот Горјан Петревски кој во поговорот кон книгата вели:

…„Добре дојде, добра книго“ во светот каде што ти е местото, кај читателите, најмладите. Но и кај наставниците за обработка на часовите, во наставата во која се открива и се гради животот на начин каков што го налага и педагошкиот приод, кој ќе рече дека детето, во она што му се нуди како литература, најмногу и најдобро учи и осознава преку добри, а не преку лоши примери…Оваа карактерситика ја има во изобилие во песните на Филип Димкоски, но не преку нагласена дидактика, туку и преку играта, преку контактите и со возрасните….

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...