Прва целосна трансплантација на пенис | Видео

3118
Booking.com INT

За првпат во историјата на американски војник ранет во Авганистан, му е извршена целосна трансплантација на пенис, соопшти болницата „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, САД.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Операцијата траела 14 часа, а донаторот е починат човек. Ранетиот војник, кој претпочита да остане анонимен, се опорави од операцијата и очекува неделава да биде пуштен од болница.

– Кога се разбудив по операцијата, конечно се почувствував понормално и со одреден ниво на самоувереност, изјави војникот, чијашто националност засега не се открива.

Се очекува на пациентот да му се вратат уринарната, а на крајот, и сексуалната способност, но не и репродуктивните функции.

Балтимор, 24 април 2018 (МИА)

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...