Првото бебе во Скопје родено минута по полноќ

962

Првороденото бебе во 2018 година во Скопје денеска доби штедна книшка со 20 илјади денари.

На Клиниката за гинекологија и акушерство, како што информира дежурната лекарка Адела Поп Стефанија, утринава се родиле вкупно 10 бебиња.

Првото бебе е родено една минута по полноќ и е втора рожба на мајката Билјана Радевска од Скопје. Бебето е тешко три килограми и 70 грама и долго 49 сантиметри.

mia.mk

loading...