“Првото откровение по Јаков” | Пронајдени се забранетите списи на Исус

1614
Booking.com INT

Копија на еретички библискиот текст, за кој се тврди дека опишува разговор помеѓу Исус и неговиот брат Јаков, беше откриен во најстара позната форма.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Забранетииот спис, со име “Првото откровение на Јаков” не е дел од 27-томниот Нов Завет, кој настанал 367. година, туку бил дел од гностичките книги откриени во Египет во 1945. година. Сите книги биле напишани на коптски јазик, иако нивниот оригинален ракопис најверојатно бил на грчки.

“Ние никогаш не се сомневавме дека делови од “Првото откровение по Јаков” на грчки преживеале до денес”, вели професорот Џефри Смит, од Универзитетот Тексас во Остин, кој со неговиот колега Брент Ландау списот го пронашол во библиотеката “Наг Хамади” на Универзитетот во Оксфорд.

Текстот на грчки јазик, најверојатно напишан во 5. или 6. век, “е значаен поради тоа што укажува дека христијаните во тоа време, читале и проучувале неканонски списи многу порано пред црковните отци да ги прогласат за ерес”, рече Смит во изјавата за Њузвик.

Текстот ги содржи учењата на Исус со кој го подучувал неговиот брат Јаков, како што се сознанијата за рајот, но, исто така, и за идните настани, вклучувајќи ја и смртта на Јаков.

Професорот Ландау објаснува дека текстот е поделен на слогови, што е редок случај кај старите списи. Тоа научниците ги наведува на заклучок дека документот е користен за поучување на читањето и пишувањето.

nationalgeographic

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...