Предвидувањата на експертите | Пет занимања кои во иднина ќе ги заменат роботи

1588

Шелтон Лег Шели Палмер, маркетиншки и технолошки консултант, деловен советник и член на медиумската куќа Фокс, рече дека е неизбежно роботите да ни станат конкуренција на пазарот на трудот. 

Шели Палмер наведе пет занимања кои ќе ги заменат роботи, а ризикот, според негово мислење се заканува на средниот менаџмент, посебно на тие кои работат со Ексел табелите и внесување на бројки.

Според неговите предвидувања, роботите ќе ги заменат тие кои работат во продажбата, освен ако не се работи за луѓе „кои продаваат соништа или магија, или пак користат посебни трикови, на пример привилегии или мито, во склучување на договори”.

Палмер наведе дека на удар се дури и автори на извештаи како и новинари, бидејќи машините можат исклучително точно да читаат и анализираат материјали и врз основ на тоа да создадат многу читлив материјал. Најзагрозени се тие кои се бават со спортски или финансиски извештаи.

Исто така, роботите ќе станат голема конкуренција и на сметководителите и книговодителите, уште едно подрачје кое опфаќа процесуирање на податоци. На пето место, според Палмер е лекарското занимање, тоа кое ќе биде доведено во прашање поради технолошкиот напредок.

loading...