Предупредување за родителите | Не ја покривајте количката на бебето со пелена

717

Иако повеќето родители тоа го прават за да го заштитат бебето од зрачење и топлина, експертите советуваат тоа сепак да не се прави, бидејќи може да биде мошне опасно. 

Доколку некогаш сте ја покривале количката со тенок материјал, како што е платнена пелена за да го заштитите бебето од сонце, несвесно сте направиле да му биде уште потопло и со тоа сте го довеле во опасност.

Според истражувањето на шведските научници со ова всушност правите „печка во количката“. Поради намалувањето на циркулацијата на воздухот температурата брзо расте, така што ситуацијата може да се спореди со онаа во вжештен автомобил.

loading...

Избегнувајте ткаенини за да направите сенка во количката и наместо тоа користете материјали со дупки, односно мрежасти материјали, со цел да има непречен проток на воздухот.

Добра опција се и чадорите за количка, кои исто така го спречуваат продирањето на УВ зраците, но не и протокот на воздухот.

loading...