Пред точно 43 години е создадена Рубиковата коцка | Видео

846
Booking.com INT

Унгарскиот архитект Ерне Рубик на денешен датум, во 1974 на светот му ја претстави најпознатата играчка за луѓе од сите генерации – Рубиковата коцка.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Професорот вели дека првичната идеја била – да ги натера своите студенти да размислуваат широко.

Коцката прво била наречена „Магична коцка”, од својот креатор. Во 1980 овој изум е прогласен за најдобрата играчка во Германија, Велика Британија, Франција и САД, а оттогаш го добива и денешното име по коешто го знае цел свет.

Има четири верзии на коцката: основната 2х2х2 (наречена „џебна коцка“), класичната 3х3х3, потоа 4х4х4 (попозната како „Одмаздата на Рубик”) и, онаа за највисоко ниво на интелект – „професорската“ 5х5х5. Oнaa класичната (3х3х3) има нешто повеќе од 43 квинтилиони различни комбинации. Само една од нив е правилната.

Во 1982 почнуваат да се одржуваат и натпревари по склопување на коцката, односно тогаш веќе тоа се смета за спорт. Првиот светски шампион „ја решил задачата“ за 22,95 секунди.

Рекордот е поставен во 2013 година, кога Холанѓанецот Матс Валк ја склопил коцката за 5,55 секунди.

Светските експерти докажале дека играчката може да биде склопена со само 20 потези.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...