Преку интернет продавал се уште непостоечки модел на телефон на „Сони“

365

Сознанието дека денес преку интернет може да се купи или да се продаде се или речиси се, не е никава новост.

Но, еден оглас преку интерент за продажба на мобилен телефон, веројатно ги надмина сите досега познати понуди.

Имено, минатата недела еден Хрват на популарна хрватска интернет страница за продажба, објави оглас дека продава мобилен телефон „Сони Експирија Ф833Икс“ за сума од 3.500 куни (речиси 480 евра).

Навидум ништо невообичаено, освен еден „мал детал“ – „Сони“ се уште официјално не го ни промовирал овој телефони, ниту ги објавил неговите спецификации, а камо ли да може да се најде во продажба.

Веста за оваа „понуда“ веднаш се прошири низ социјалните мрежи и хрватските медиуми, по што огласот беше отстратнет од интернет страницата.

Според најавите од „Сони“, „Експирија Ф833Икс“ најверојатно ќе биде промовиран следниот месец.

loading...