Преподобна маченица Евгенија (Бадник)

1644

Ќерката на Филип, епархот на Мисир. Родена е во Рим. Во тоа време христијаните биле протерани од Александрија и живееле надвор од градот. Евгенија ги посетувала христијаните и ја примила нивната вера со сето свое срце.

Избегала од своите родители со своите два верни евнуси, ја крстил епископот Илија и облечена во машка одора зачекорила во машки манастир, каде што прими монашки чин.

Го прочисти своето срце толку длабоко, за да добие од Бога благослов за исцелување на болните.

Така, таа излекувала некоја богата жена Мелантија. Но, по ова жената посакала да ја наведе Евгенија на телесен грев, без да насети дека Евгенија е жена. Па, како решително била одбиена, оваа зла жена за одмазда отишла до епархот и ја наклеветила Евгенија на ист начин како и порано Пентефриевата жена сѐмудриот Јосиф.

Епархот заповеда сите монаси да ги оковаат и да бидат фрлени во зандана заедно со Евгенија. Но, кога беше изведена на суд, светата Евгенија ја соблече монашката одора и му се покажа на својот татко како негова ќерка.

Филип се израдувал и тогаш ја покрстил целата своја фамилија. Откако слушнал за ова, римскиот император испратил некој злобен војвода Теренциј, кој дошол во Александрија и тајно го убил Филипа. По смртта на својот татко светата Евгенија се преселила во Рим заедно со мајка си и нејзините браќа. Во Рим, таа бестрашно и внимателно им ја пренесувала на незнабошците вистинската вера, особено на девојчињата.

Така вистиската вера ја прими некоја убава девица Василија. Наскоро Василија ќе биде посечена за Христа, како што ѝ предвидела Евгенија. Тогаш беа посечени и двајцата евнуси, Прот и Јакинт. Конечно, дојде крајот и на светата Евгенија.

Од нејзината близина, храмот на Дијан паднал и се разрушил. Мачителите прво ја фрлиле во вода, па потоа во оган, но Бог ја спаси. Господ Исус ѝ се јавил во зандана и ѝ рекол дека ќе умре на денот на Неговото Рождество. Така и се случило.

Со меч ја исекле на 25 декември 262 година во Рим. По смртта, Евгенија ѝ се јави на мајка си во голема слава своја и ја утеши.

loading...