Прехрамбени трендови | 5 хит прехранбени производи за 2017 година!

2428

Секоја година сѐ некако природно се случува брзо ширење тренд на некои видови намирници, па нѝ се чини дека целиот свет е луд по неа. Сите тие намирници веќе ги имаме во своето окружување, па погледнете кои трендови во здравата исхрана нѐ очекуваат во годината во која тукушто влеговме.

Сите ние, повеќе или помалку, сакаме да бидеме во тренд. Ако слепо не ги следиме трендовите, тогаш барем сакаме да бидеме во тек со актуелните настани во светот. Во последните неколку години забележано е зголемување на трендот на здрав живот и здрава исхрана. Тоа е причината зошто ние ви преставуваме 5 хит намирници кои ќе ја одбележат годината која следи.

1. Кинеската шеќерна трска е новата квиноја

loading...

И само што сте се навикнале (и сте ја засакале) квинојата, пристигнува нејзината алтернатива – кинеска шеќерна трска. Поточно, оваа намирница може да се јаде како житарка, а нејзината корист е во тоа што е без глутен, па така е совршена за оние кои страдаат од целијачна болест. Многу тешко може да се најде во интегрална форма, но затоа со брашното од кинеската шеќерна трска може да се направат чуда!

2. Крик (чубар)

Лековитото медитеранско растение кое има корисен ефект делува на поттикнување на сексуалниот нагон, помага при проблеми со бубрезите, ги смирува нервите, ги протерува глистите … Нутриционистите говорат дека, освен за консумирање во форма на чај, би можеле да го користите како било која друга зачинска билка. Исто така, високо се ценети здравите закуски кои се темелат врз медитеранската исхрана, па така освен крикот, во себе имаат лаванда и лимон. Звучи многу вкусно!

3. Морски зеленчук

Во 2017 година ќе се вљубиме во ново-старата зелена намирница – морскиот зеленчук, односно во алгите. Не само што се тоа нискокалорични, но хранливи, туку се, исто така, и совршени за азискиот начин на исхрана, која обично се наведува како една од причините за долговечноста. Можете да експериментирате со различни видови на алги како што се морската салата, nori, dulse, kombu и wakame и слично.

4. “Грдото” овошје и зеленчук

Секоја година, тони и тони овошје и зеленчук се фрлаат, бидејќи не ги исполнуваат барањата на пазарот. Ние нема да ја земаме кафеавата банана, јаболката со неправилни форми, премногу големи или премногу мали компири …

Нѝ станала поважна естетиката, отколку квалитетот на намирницата. Нутриционистите, но и еколошките освестени луѓе дефинитивно советуваат да се избира “грдото” овошје и зеленчук.

“Не само што има иста, ако не и поголема, хранлива вредност од она кое го наоѓаме во продавниците, туку на тој начин ќе учествуваме и во зачувувањето на животната средина во која живееме”.

5. Храна во садови

Прво, бевме опкружени со acai бобинки, па со квиноја, па Chia семињата … И сѐ, се разбира, би требало тоа да биде убаво декорирано за да нѝ биде и попривлечно. Во 2017 година нѐ очекува повеќе јадења подготвени за да бидат совршени за – сад. Во 2016 година, веќе започна концептот на појадок во сад и тоа ќе продолжи и во оваа година, па повторно ќе можеме да уживаме во убавите и хранливи оброци и на тој начин да бидеме во мода и во добра здравствена состојба.

loading...