Приватен детектив ги изненади сите со откритието | На овие места најчесто мамиме

25871

Местата каде што има прељуба обично не се романтични и набиени со секси атмосфера, верувале или не.

Кога гледаме некој филм или серија, измамите обично се случуваат на некои по малку опасни, по малку секси локации, како што се хотелските соби, но во реалноста, ситуацијата е малку поинаква, пишува Cosmopolitan.

Luka Atens води приватна детективска агенција специјализирана за следење на прељубници, призна како низ долгата кариера од 21 година сфатил дека, креативноста и селекцијата на чудните места за мамење, е она што го фасцинира најмногу толку многу години подоцна. Тој ги истакна и најчестите места каде што луѓето мамат, а не се воопшто не секси!

loading...

Еве тој што раскажа.

Грмушки

“Знаеме дека звучи како малку бизарен сценарио за филм, но тоа навистина се случува. Еве неодамна следевме еден човек кој секое утро трча по неколку километри за да се сретне со една жена со која продолжувал понатаму. По кратко време на заедничкото трчање тие дојдоа во област каде што има многу дрвја и грмушки и останаа таму 20 минути пред да продолжат да трчаат и пред да се вратат дома. А откако поставивме неколку скриени камери во грмушките, имавме цврсти докази кои ги потврдија нашите сомневања”.

“Да, место кое е оддалечено со километри од секси атмосфера, но едно од најчестите каде што некој би извршил мамење. Знаеме дека имаме случаи каде што луѓето мамат на паркинг во луди услови, како на пример што е случајот кога ги фативме на дело, и тоа на 40 Целзиусови степени!”

Јавни тоалети

“За разлика од многу други локации кои можат сите да ги користат, факт е дека јавните места обезбедуваат многу високо ниво на приватност. А и ваквите прељуби тешко се докажуваат, бидејќи нема ништо чудно во посета на тоалет и задржувањето таму па и алибито полесно се гради.”

По пат

“Имавме една случка каде што налетавме на две гулапчиња кои интимно се дружле патем, помеѓу две паркирани возила. Исто како и со јавните тоалети, така и ова е нешто што лесно може да се објасни ако постојат сомневања, бидејќи тоа е невообичаено да имате потреба да запрете во тек на возење и да одите по нужда.”

Кино

“Затемнетиот простор во кој сите присутни се сконцетрирани на платното секако оди во корист на прељубниците. Филмовите можат да послужат како одличен алиби зашто лицето со кого има афера може да се најде во сала по почетокот на емитување на филмот. А седењето во темна просторија значи давање шанса да секоја таква акција помине невидена, како и било кој звук ако се испушти.”

loading...