ПРИВАТНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ МАКСИМИЛИЈАН

926

ПРИВАТНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ МАКСИМИЛИЈАН со акредитација бр. 11-440/9 од 22.07.2009 год.издадена од Министерството за образование и наука на Р. Македонија.

Гимназијата “Максимилијан” е место каде учениците имаат можност да следат настава според највисоките меѓународни стандарди во пријатна атмосфера во паралелки со мала група од ученици.

Училиштето е водено од искуството на водечки брендoви во формалното образование, со што на своите ученици им овозможува да бидат дел од светските водечки наставни системи и глобални едукативни стандарди,

loading...

Училиштето е секогаш во чекор со најновите трендови во образованието со што ги подготвуваме учениците непречено да се прилагодат во глобалниoт свет, а најамбициозните да го продолжат образованието на најпознатите светски универзитети.

Нашето училиште се стреми кон овозможување на што поквалитетна и посовремена настава во соработка со Министерството за образование и наука, со посебен акцент на индивидуалниот развој на секој ученик пооделно. На тој начин ние ги подготвуваме учениците за комплетно вклучување во современите општествени текови, пратејќи го нивниот развој во текот на средното образование. Со тоа формираме високо стручни кадри, чија иднина е успешно трасирана. Истовремено, нашето училиште целосно ги приспособува своите програми на локалните и глобалните промени.

Зошто ние

Бидејќи успехот е резултат на искуството. Добро е да знаете каде се наоѓате , така ќе знаете каде да се насочите. Едукацијата во нашето училиште значи бројни придобивки со една единствена цел: најдобри резултати од учењето за секој ученик! Целосна поддршка на патот кон остварување на Вашите цели.

Цели

Посветени сме на континуирано – доживотно учење и секогаш се стремиме да бидеме во чекор со глобалните трендови во образованието. Нашиот тим се состои од врвни професори со долгогодишно искуство. Круна на нашиот успех е задоволен и лојален ученик и затоа се стремиме кон одржување на високо квалитетна услуга.
Наши стандарди

Можете да се потпрете на нив!

Она што ја прави наставата во нашето училиште единствена и уникатна е примената на меѓународни стандарди и програми, а истите се карактеризираат со особено ефикасен метод за мотивирање на учениците и нивно успешно вклучување во едукативниот процес.

Методи

Соодветен вид на едукација!

Употребувајќи практично ориентирани методи нашите професори работат заедно со Вас во текот на часовите со цел да откријат на кој начин преферирате да ја совладувате материјата и кој метод е најсоодветен за најефективно совладување на истата.

Гимназијата ја следи својата мисија и работи на создавање на нови методи на учење, со цел да влијае на правилно развивање на наставните содржини, меморирање на истите и нивно понатамошно користење. Покрај тоа располага и со автентични материјали за изведување на наставата.

П Р О М О Т И В Н О!

ТРАНСФЕР НА УЧЕНИЦИ НА ТРОМЕСЕЧИЕ СО МОЖНОСТ ЗА СТИПЕНДИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2018/2019год.

10 СТИПЕНДИИ од 70-100 % од цената на школарината за трансфер на ученици во период од 16.10.до 01.11.2017 година.

10 СТИПЕНДИИ: 50% од цената на школарината за трансфер на ученици на полугодие www.maximilian.edu.mk

АПЛИЦИРАЈТЕ ВЕДНАШ! 02 3052640 моб.070/344-794

loading...