Принцот Хари ја отвори душата: Мајка ми се уште болно ми недостига

2917

Британскиот принц Хари признава дека никогаш не можел да се справи со смртта на мајка му, принцезата Дајана, која загина во сообраќајна несреќа 1997 година, кога тој имаше само 12 години.

– Сите чувства ги потиснав длабоко во себе. Неможев да се носам со тоа. Сега ми е жал што тогаш не побарав помош. Дури на 28 години почнав да разговарам за мајка ми, изјави во едно интервју 32-годишниот принц.

Семејните пријатели велат дека поради оваа траума тој имал проблеми во односите со девојките, па затоа и во долгите врски се држел на дистанца. Тој сега е во врска со 35-годишната американска акерка Меган Маркел, која кралското семејство не ја одобрува.

loading...

Еден од пријателите на Хари изјави дека за разлика од него, неговиот брат принцот Вилијам полесно ја преболел смртта на мајка им. – Вилијам е повеќе како татко му и има поблаг карактер. Хари пак е тврдоглав, комплициран и бунтовен, исто како мајка му, додава тој.

Кога загина, Дијана имаше 36 години, па Хари признава дека колку повеќе се доближува до таа возраст, повеќе сака да разговара не само за мајка му, туку и за чувствата.

– Јас дури сега разбирам колку беше млада кога таа почина, изјави Хари, кој ја продолжи хунабитраната работа на Дијана и времето го посветува на здруженијата кои им помагаат на заболените од СИДА во Африка.

loading...